Мареј го однесе Дејвис купот во Британија

Светскиот рекет број 2, Енди Мареј, ѝ донесе Дејвис куп титула на Велика Британија по 79 години чекање, откако во првиот неделен меч во Гент со 6:3/7:5/6:3 го совлада Давид Гофан за недостижни 3:1 водство над Белгија.

Британците имаа клучна 2:1 предност по саботните мечеви во двојки, кога Мареј со својот постар брат Џејми го добија мечот во двојки, и беше очекувано Шкотланѓанецот да ја покаже разликата во квалитет против белгискиот рекет број 1, Гофан.

Мареј го комплетира Дејвис купот оваа сезона со совршен 8-0 скор, како само трет тенисер во историјата со таков успех, по Џон Мекинро и Матс Виландер. За британскиот капитен Леон Смит успехот е уште поголем бидејќи само пред три години неговиот Дејвис куп тим беше во „третата лига“ на натпреварувањето.

„Никогаш не мислев дека ќе имаме шанса да направиме вакво нешто и сè уште не ми се верува. Сите беа на највисоко можно ниво, а по мечот во двојки во саботата, мојот брат беше со семејството, додека мене ми требаше сон. Мораме да уживаме во трофејот бидејќи можеби нема да добиеме нова шанса. За мене следен е Австралискиот опен, каде што четирипати загубив во финалето. Морам да научам лекции од ова финале и да го направам тоа и во Мелбурн“, изјави Мареј.

Сепак, Мареј е скромен. Од 12-те поени кои беа потребни да се освои титулата, Мареј освои 11 од нив - осум во сингл и три во двојки со својот брат Џејми. Џејмс Ворд е единствениот тенисер кој не е член на семејството Мареј, кој освои поен.

Велика Британија е единствената нација која се натпреварувала во сите изданија на Дејвис купот од 1900 година, а 10. трофеј ги прави најуспешна нација по САД (32) и Австралија (28). Претходната британска титула дојде во 1936 година со легендарниот Фред Пери како главна ѕвезда, а последен пат тие играа во финалето во 1978 година. Белгија ќе се надева на нова шанса да ја освои својата прва Дејвис куп круна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...