Златниот гол на Манасков за продолжување на европскиот сон

Македонската ракометна репрезентација со голот на Манасков во последната секунда извлече реми на дуелот со Србија (27:27) за пласман во следната рунда на ЕП.

Дуелот започна како што се очекуваше, неизвесно, израмнето. Во 13. минута репрезентацијата на србија со головите на Шешум и Никчевиќ и феноменалната одбрана на Станиќ дојде до позитива од два гола 5:7. Со головите на Манасков и првенецот на Мојсоски на ЕП се вративме во игра 7:7. На пет минути до крајот на полувремето нашите ракометари поведоа со плус два 12:10, но не ги искористија шансите да ја сочуваат истата. Промашивме два седмерци. Па следеше казна, најпрво Марсениќ, а потоа Ненадиќ на двапати израмнија на 13:13 по првите 30. минути.

По одморот се продолжи во исто темпо. Постојано го бркавме резултатот. Во 49. минута Македонија со голот на Георгиевски и играч повеќе на теренот поведе со 21:20. Но, Србите веднаш возвратија на 21:21, а потоа на 22:22, а откако не успеавме да погодиме за водство, противникот со голот на Шешун поведе со 22:23 во 53. минута. Сепак во нашиот состав проработе Стоилов, со својот втор гол израмни на 23:23. Марсениќ погоди за 23:24, но Миркуловски реализираше за 24:24. Србија по подолго време не реализираше, но ниту пак ние не успеавме да казниме и тоа двапати по ред. Шешун со својот шестти погодок и носи водство на Србија 24:25, но

Миркуловски се разигра кога беше најмногу потребно за 25:25 на три минути до крајот. Повторно не успеавме да се одбраниме, повторно Шешун (7/7) е лидерот на Србија (25:26). Лазаров погоди, но некој од нашите ракометари направи фаул, па погодокот беше поништен. За среќа протиникот не успеа да ја зголеми предноста, на другата страна Миркуловски изнуди две минути исклучување на помалку од една минута до крајот. Откако Лазаров не успеа да го совлада Станиќ, одбиената топка заврши кај Стоилов кој израмнува на 26:26. Одбраната повторно потфрли, Ѓукиќ погоди за 26:27 на десет секунди до крајот. Манасков во последната секунда погоди за 27:27.

Токму ракометарот на Вардар со десет погодоци беше најефикасен во нашите редови, зад него со пет погодоци беше Гоце Георгиевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...