Македонската машка ракометна репрезентација синоќа во последниот натпревар од групата А против селекцијата на Србија со резултат 27-27 и подобра гол разлика на ЕП во Полска се пласира во следната рунда.
Македонскиот интернационалец Дејан Манасков со гол во последните секунди израмни на 27-27 и со тој гол Македонија како 3-то пласирана во групата А се пласира во следната рунда од ЕП во Полска.
Но, што имаа балканските медиуми да кажат за пласманот на Македонија во следната фаза?