Подготвени за лов на „лавови“

По двата успешни натпревари во СЕХА лигата, најдобриот македонски ракометен колектив, Вардар, попладнево ќе тргне за Германија. Како што е добро познато „црвено-црниот“ тим в четврток, од 19:30 часот, ќе ја има премиерата во Лигата на шампионите против Рајн Некар Левен, во меч од 11. коло од групата Б. Тимот, предводен од стратегот Раул Гонзалез, вчера го одработи единствениот тренинг во „Јане Сандански“ за оваа средба. Противникот е добро познат бидејќи во последните две години овие два тима се имаат сретнато трипати, и радува фактот дека на сите тие Вардарци се радувале на победата. Но, популарните „лавови“ имаат одлична сезона, пред сè во домашниот шампионат каде што се на првата позиција. Од друга страна, пак, загрижува податокот дека Гонзалез нема да може да смета на тројца играчи. Како што е познато, Игор Карачиќ пред неколку денови имаше операција на хематом на тестисите. Додека Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се суспендирани на две недели. Сепак, мала предност македонскиот шампион ќе добие благодарение на тоа што веќе одиграа две квалитетни средби по завршувањето на последното Европско првенство. За Германците, пак, ова ќе биде прва активност во новата година.

Според распоредот, Вардар отпатува ден порано, со цел подобра аклиматизација, како и можност за во Германија да се направат дополнителни тренинг сесии пред почетокот на мечот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...