Џамбо победа за Вардар во Сегед

Македонскиот тим на гостувањето кај Пик Сегед славеше со 31:29 благодарение на добрата игра во второто полувреме и одличниот Милиќ кој средбата ја заврши со 13 одбрани.

Вардар привремено се искачи на посакуваната трета позиција во групата Б во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Пик Сегед славеше со 31:29. Одличната игра во второ полувреме и расположениот Страхиња Милиќ на голот, на македонскиот тим му го донесе посакуваниот гостински триумф.

По водството на домаќинот на полувремето 14:13, „црвено-црните“ направија серија од 4-0 за водство од 14:17. Избраниците на Раул Гонзалес во 40. минута поведоа и со 20:16 и го најавија крајот на овој меч. Дека „вардарци“ од Сегед ќе заминат со целиот план потврдија во 48. минута кога имаа највисоки плус шест (26:20). Милиќ, Харбок и Македа беше ударното трио на македонскиот тим. Домаќинот се обиде да направи притисок во финишот, „црвено-црните“ останаа и со играч помалку на минута и пол, но Карачиќ со својот трет гол на средбата го одржуваше водството на Вардар (30:26). На крајот „црвено-црните“ се опуштија па на Сегед му дозволија да се доближи на само два гола 31:29.

Македа со осум погодоци беше најефикасен кај Вардар, зад него беше Душебаев со пет голови од исто толку обиди. Вреди да се спомене враќањето на Игор Карачиќ, кој погоди клучни голови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...