Гонзалез: Навивачите главен „адут“ на Вардар

Најквалитетните осум ракометни екипи во Европа викендов ќе ги одиграат првите четврт-финални натпревари во Лигата на шампионите. Трета сезона по ред, во ова друштво се наоѓа и македонскиот првак Вардар, кој утре (16 ч.) против Веспрем, ќе се обиде да оствари значајна победа, пред реваншот.



„Веспрем ни е добро познат противник и знаеме дека дека мораме да одиграме цврсто во одбраната и да биде искористена секоја можност за лесни погодоци. Јас сум оптимист и мислам дека ќе одиграме добар натпреварар, иако мора да се потенцира дека нема да биде лесно. Ќе треба да бидеме трпеливи, да немаме падови во играта и да не мислиме на реваншот. За мене најважно е да победиме, не е важно со колку разлика. Најважно е навивачите да бидат во текот на сите 60. минути за нас, непрекинато да навиваат како што впрочем тоа и го прават на секој меч. Нашиот противник има играчи како Палмарсон, Наѓ и Илиќ кои знаат да ја искористат секоја шанса, но ќе кажам уште еднаш дека сум оптимист и дека можеме да дојдеме до победата“, изјави Гонзалез.

Квалитетот на противникот е познат, впрочем овие два колектива во последните две години се сретнале седум пати, од кои во три од нив, унгарскиот шампион излегувал како победник, додека „црвено-црните“ само еднаш се радувале на победата. Но, Вардар секоја година созрева како тим и è се поблиску до толку посакуваниот фајнлфор.



„Фаворитската улога ќе ја препуштам на Веспрем. Ова фаза е последната пречка за тој фајн-фор што е толку посакуван во последните години. Неколку пати иравме против Веспрем оваа сезона, па затоа двете страни добро се познаваат. Се согласувам со тренерот Раул дека одбраната ќе биде таа што ќе го реши победникот, и знаеме ни е дека ќе биде тешко. Тие имаат искусен тим, но, ние играме на домашен терен, пред нашата публика и таа е предност која може да ми помогне за да дојдеме до триумфот, потенцира Стоилов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...