Вардар домаќин на Веспрем во четвртфиналето од ракометната ЛШ

На ракометарите на Вардар им претстои најважниот натпревар досега оваа сезона, првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите со Веспрем. „Црвено-црните“ ќе се обидат да обезбедат предност со помош на своите навивачи и на реваншот во Унгарија да го направат последниот чекор кон завршниот турнир.



Унгарскиот првак, кој е актуелен европски вицешампион во четвртфиналната пресметка, влегува како фаворит, но вардарци во финалето од СЕХА лигата покажаа дека имаат квалитет рамноправно да се „носат“ со големиот противник.

Пивотот Стојанче Стоилов очекува со помошта од трибините да се направи добар резултат.

- Веспрем е последната пречка до тој „Ф4“ што го чекаме во последниве години. Неколку пати игравме сезонава и мислам дека добро ги познаваме, но и тие нас. Им ја препуштам фаворитската улога на нив, ќе биде многу тешко. Тие се искусни, но ние играме дома, пред нашата публика, тоа е нашата предност која може да ни помогне да победиме, изјави Стоилов.

Натпреварот се игра попладне во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 16 часот. Три часа порано (13 часот) на платото пред спортскиоот центар ќе биде поставена Фан-зона каде ќе биде организарана забава за присутните, селфи-зона за фотографирање, продажба на навивачки реквизити и на храна и пијалоци по пристапни цени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...