Комплекс Веспрем за Вардар

Вардар не успеа да го добие првиот четвртфинален меч во Лигата на шампион, откако дома загуби со 26:29 од унгарскиот тим.



30’ (26:29) Шеста интервенција на Штербик. На минута и пол до крајот, Карачиќ беше во добра позиција, но не успева да погоди. Сите надежи на Вардар ги уништува Палмарсон зголемува на плус три 26:29.

57 - 58’ (26:28) - На две и пол минути до крајот Веспрем останува со играч помалку 0 Сулиќ заработи исклучување. Душебаев користи за 26:28.

57’ (25:28) Прв гол на Наѓ во вистинско време за Веспрем (кога има играч помалку) за 24:26. Дибиров на мајсторски начин намалува на 25:26. На другата страна Наѓ влегува во серија (25:27). Палмарсон е незапирлив зголемува на 25:28.

56’ (24:25) - Наѓ ја погодува стативата. Вардар не користи шанса да дојде на минус еден гол негатива, Угалде брзо погодува за 22:25. Нов цепелин на Душебаев и Карачиќ, кој погодува за 23:25. Шишкарев е прецизен за 24:25, на другата страна Унгарците заработуваат исклучување.

52’ (22:24) - Карачиќ повторно се обидува да го сопре налетот на моќниот Веспрем (20:24). Само петта одбрана на Штербик, на другата страна Циндриќ брзо погодува за 21:24. Грешка на Унгарците, Шишкарев ја караде топката за 22:24.

49’ (19:24) - Дибиров ја продолжува успешната серија на изведени седмерци, со неговиот трет погодок од оваа позиција ја намалува негативата на 19:23. Веспрем го реализираат петтиот седмерец (19:23), Илиќ го запишува деветтиот гол (5/5 од седум метри).

46’ (18:23) - На точно половина од втрото полувреме, Сулиќ со четвртиот гол носи највисоки плус пет 18:23. Серија од 6-1 на Веспрем.

45’ (18:22) - Душебаев од тешка позиција сепак ја погодува мрежата на Алиловиќ. Маргуч на спротивната страна ја користи предноста за 18:21. Вардар повторно влегува во криза, Угалде зголемува на 18:22.

44’ (17:20) Алиловиќ со првата интервенција во второто полувреме (11 до сега) го спречи Вардар да израмни. На спротивната страна Сулиќ зголемува на 17:19. Истиот играч го враќа својот тим на плус три (17:20), а Вардар остануа без играч помалку - Тоскиќ заработува две минути.

41’ (17:18) Нова бомба од Палмарсон, негов петти гол за 16:17. Карачиќ спречува контра на Веспрем. Карачиќ повторно е прецизен за 17:17. Иако игра под инкеција Илиќ сам го одржува Веспрем во игра.

38’ (16:16) Тоа е Вардар. Се враќа кога е најтешко. Нов гол на Душебаев, негативата е намалена на само еден гол. Налетот го прекинува Илиќ со седмиот погодок, зголемува на 14:16. Засега најден е патот до мрежата на Илиќ, Карачиќ, а потоа Дибиров израмнува на 16:16.

36’ (13:15) Палмарсон со четвртиот погодок ја одржува предноста на својот тим. Дибиров го реализација вториот седмерец за 12:14. Одлично одбработена акција на Веспрем, асистенција на Илиќ до Сулиќ. Но со полу-цепелин Карачиќ носи 13:15. Вардар се враќа во игра.

33’ (11:13) Вардар го започна второто полувреме со играч помалу. Харбок го совладува голманот на Веспрем. Серија од 3-0 за намалување на 10:12. Илиќ веднаш враќа за 10:13. Прв гол на Душебаев за 11:13.

ПОЛУВРЕМЕ (9:12): Вардар е во големи проблеми. Доколку Гонзалес и неговите момци не најдат решение за нападот и начин како да го совладаат Алиловиќ патот до Келн ќе биде тежок. Веспрем во средината на првото полувреме направи серија од 6-0 и поведе со највисоки 7:12 во 27. минута. Сепак на крајот Вардар успеа да намали на 9:12.

30’ (9:12) Штербик брани, но повторно Алиловиќ брани, овој пат ударот на Тоскиќ. Карачиќ со гол во последната секунда намалува на негатива од три гола.

28’ (8:12) - Вардар има пет промашувања од чисти позиции, Вардар влезе во напаѓачка криза. Алиловиќ никако да се совлада. И покрај одличната поддршка не може да се врати во ритам. На две минути до крајот на првото полувреме, Манасков конечно постигнува гол за 8:12.

27’ - (7:12) - Алиловиќ царува на голот на Веспрем, на македонскиот тим не му оди во напад. Гонзалес повика тајм-аут, но ништо не помогна. Вардар има негатива од три гола 7:10. Алилиовиќ со осмата интервенција придонесува за 7:11. Илиќ повторно прецизен од седум метри. А со нов контранапад, Угалде носи шокантни 7:12. Серија од 6-0 за Веспрем.

23’ (7:9) - Со петата успешна интервенција Алиловиќ го спречува Вардар да дојде до ново водство, го брани ударот на Шишкарев. Слишковиќ е прецизен за второ водство на Унгарците (7:8), а потоа и највисоки 7:9.

21’ (7:7) По грешката на Веспре, Шишкарев носи ново водство. Одлична одбрана на Штербик. Вардар мораше да ризикува по исклучувањето Гонзалес се одлучи со маркер, Веспрем ја фати топката и на Наѓ му остана лесна задача, да погоди празен гол.

16’ (6:6) - Илиќ со третиот погодок, овој пат од седум метри израмнува на 5:5. Вардар е со играч помалку. Харбок со вториот гол за водство на Вардар од 6:5. Но Палмарсон повторно е прецизен за 6:6.

12’ (5:4) - Палмарсон го носи првото водство на Веспрем. Вардар има проблем со реализација.Дибиров со вториот гол израмнува на 4:4. Среќа, по промашениот зицер на Душебаев, на споритивната страна Веспрем не успева да казни. Сепак избраниците на Раул Гонзалес се прецизни за 5:4.

8’ (3:3) - По грешката на Вардар, Гауде од контранапад погодува за 2:2. Дибиров го реализира првиот пенал за 3:2. Втора интервенеција на Штербик, на другата страна истото го стори Алиловиќ. Илиќ наоѓа простор за ново израмнување.

4’ (2:1) - Харбок го отвара мечот, погодува за водство за 1:0. Одбрана на Штербик, брза контра на Вардар, Тоскиќ погодува за 2:0. Илиќ од седум метри намалува на 2:1.



ВАРДАР – ВЕСПРЕМ

Сала: СРЦ „Јане Сандански во Скопје. Судии: Стеван Пичон и Лоран Ревере од Франција. Делегати: Томо Водопивец од Словенија и Висенте Брето Леон од Шпанија.

ВАРДАР: Штербик, Милиќ, Ангелов, Стоилов, Брумен, Тоскиќ, Манасков, Македа, Карачиќ, Абутовиќ, Циндриќ, Дибиров, Горбок, Шишкарев, Марсениќ

ВЕСПРЕМ: Миклер, Алиловиќ, Гулјаш, Иванчил, Шух, Илиќ, Палмарсон, Нилсон, Наѓ, Угалде Гарсија, Маргуч, Родригез, Терзиќ, Сулиќ, Лекај, Слишковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...