Раул: Жал ми што не ги израдувавме навивачите

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез и централниот бек Игор Карачиќ, на прес-конференцијата по поразот од Веспрем изразија жалење, бидејќи не успеале да им овозможат радост на домашните гледачи кои направија одлична атмосфера во салата во СЦ „Јане Сандански“.



- Веспрем денеска беше подобар, играше многу добар меч и заслужи победа. Во првото полувреме одигравме добро во првите 15 минути, и водевме со два разлика, но имавме проблеми во нападот, и не искористивме многу шанси. Веспрем го користеше секој свој напад и направи разлика. На полувремето разговаравме со играчите и на почетокот на второто полувреме се вративме и изедначивме. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи. Беше 4-5 разлика за противникот и тие повторно се вратија и имавме шанса и да победиме, но Веспрем беше одличен во последните минути. Жал ми е за навивачите, затоа што направија одлична атмосфера денеска, рече Раул и додаде дека не е ништо готово.

- Ова беше само прво полувреме, треба да се фокусираме на вториот натпревар, знаеме дека ќе биде многу тешко. Треба да работиме и да се подобриме, затоа што нашиот напад не беше како што посакувавме.

Благодарност за поддршката што ја дадоа навивачите искажа и организаторот на играта на „црвено-црните“.

- И благодарам на публиката, не само на Комитите туку на сите што ја направија оваа одлична атмосфера. Навистина ми е жал, не само за нас, туку особено за нив. Јас сум карактер кој сака да ја крене главата и да подобри се што беше лошо, за во вториот меч и можеби да ги вратиме шансите за полуфинале. Не знам што беше причината за поразот, можеби нивните голмани фатија многу топки, можеби промашивме многу зицери, истакна Карачиќ.

Вардар во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите попладнево загуби од Веспрем со 29:26.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...