НЕ СЕ БИРААТ СРЕДСТВА ЗА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО УСПЕХ

Најголемите измами во светот на спортот

Суспензијата на руските атлетичари од Олимпијадата во Рио е топ тема изминативе неколку дена, а веста за евентуална комплетна суспензија на руските спортисти од Игрите би го комплетирала впечатокот за најголемата спортска измама во историјата. Како што соопштивме во истрага на независна комисија е утврдено дека државните институции во Русија учествувале во манипулација со примероците на спортистите за време на Зимските олимписки игри во Сочи и на Светското атлетско првенство во Москва со тоа што го прикривале користењето на недозволени стимулативни средства. Меѓутоа, тоа не е ништо ново во спортот. Низ историјата, многу спортисти, ги заобиколувале правилата и се служеле со недозволени средства за да ја победат конкуренцијата. Од мали нозе се учи чесната игра, во светот позната како фер плеј, меѓутоа во борба да се биде прв во сè многумина се одлучуваат за валкана игра.

1. ИЗМАМАТА НА БОСТОНСКИОТ МАРАТОН



Кубанската маратонка Рози Руиз во 1980 година победи на Бостонскиот маратон поправајќи го своето најдобро време за неверојатни 25 минути. По само осум дена остана без титулата бидејќи истрагата покажала дека во еден дел од трката таа користела метро.

2. КАКО РЕСТО ГО „УТЕПА“ КОЛИНС?



Во 16 јуни 1983 година боксерот Луис Ресто практично го уништи дотогаш непоразениот Били Колинс Џуниор. Тоа беше вистинско изненадување, а противникот бил толку „помодрен“ што не можел ни да гледа. Подоцна е утврдено дека Ресто на ракавиците користел гипсен завој.

3. РОХАС НАМЕРНО СЕ САМОПОВРЕДИЛ



Во 1989 година во квалификациски натпревар за Светското првенство Чиле не смеел да загуби на гостувањето кај Бразил. Откако Чиле примил гол нивниот голманот Роберто Рохас искористил еден запален факел фрлен од трибините за да си го повреди лицето за судијата да го прекине мечот. Тоа и се случило, меѓутоа подоцна е откриена измамата. А пресудата - доживотна забрана за настап на Рохас и суспензија на Чиле од едно Светско првенство.

4. СОПРУГОТ НА ПОМОШ

Најголемиот скандал во уметничко лизгање се случи во 1994 година кога сопругот и телохранител на американската лизгачка Тоније Хардинг ангажирал разбојник за да ја повреди нејзината главна соперничка Ненси Кериган. Конечниот резултат - доживотна суспензија на Хардинг.

5. (НЕ)ИНВАЛИДИ

Шпанија го славеше првото место на кошаркарскиот турнир на Параолимпискиот турнир во Сиднеј 2000 година. Меѓутоа, само двајца членови од златните кошаркари навистина биле инвалиди. На Шпанците им беа одземени медалите.

6. МОТОР НА ВЕЛОСИПЕДИТЕ



Белгиската велосипедистка Фемке ван ден Дреш заработи суспензија од шест години затоа што за време на Светското првенство во Белгија оваа година користела „велосипед на моторен погон“. Таа била откриена случајно. За време на трката ѝ се расипал велосипедот, а додека механичарите работеле на проблемот лице од организацијата забележало кабли во нејзиниот велосипед. По прегледот е утврдено дека во во велосипедот имало вградено мотор. Ван ден Дреш негираше дека имала намера да мами и дека велосипедот го позајмила од пријател но од Меѓународната велосипедска унија не ѝ поверуваа.

7. ОНИСЧЕНКО - „МАЈСТОРОТ“ НА ИЗМАМИ

Рускиот петобоец Борис Онисченко беше фатен како мами во мечување користејќи електричен прекинувач во победите над неговите ривали, Британеците Дени Најтингел и Адријан Паркер за време на Олимпијадата во Монтреал во 1976 година. Кога стигнал до мечот со третиот Британец Џим Фокс бил откриен. Фокс протестирал до организаторот затоа што забележал дека на противникот му се регистрираат поени и кога тој со мечот не допира ништо. Онисченко во мечот имал вграден механизам поврзан со жици преку неговото тело и кој регистрирал поени без да го допре противникот.

8. БОЖЈАТА РАКА НА МАРАДОНА



Диего Марадона ја предводеше Аргентина во победата од 2:1 над Англија во четврт-финалето на Светското првенство во 1986 година. Мајсторот на фудбалската игра ги постигна двата гола на мечот, а првиот беше со помош на раката. Топката го измами голманот на Англичаните Питер Шилтон и заврши во мрежата. Судиите не го забележаа моментот и го признаа погодокот и покрај протестите на Островјаните.

9. ЏОНСОН ДОПИНГУВАН ДО СВЕТСКИ РЕКОРД

Канадскиот спринтер Бен Џонсон постави два светски рекорди на трките на 100 метри на Светското првенство во атлетика во 1987 година и на Олимписките игри во 1988 година но подоцна е дисквалификуван поради допинг и му е одземено олимпиското злато и поништени двата рекорди. Олимписката антидопинг комисија утврдила дека тој бил позитивен на анаболичен стероид - станозол.

10. ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ОСВОЕНИ СО СТЕРОИДИ



Мерион Џонс беше најдобра светска атлетичарка во спринтерските дисциплини на 100 и 200 метри кон крајот на деведесеттите години и почетокот на новиот милениум. Таа освои три златни и два бронзени медали на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година. Во 2007 година Џонс пред телевизискиот аудиториум призна дека со години користела недозволени стероиди. Резултатите и се избришани, а медалите одземени.

11. ДОСЕТЛИВИОТ КАМУЧЕ



Силвестер Камуче го привлече вниманието во раните деведесетти години на минатиот век во светот на коњичките трки. Неговата сензационална победа на патеката во Винтон, Лос Анџелес била опишана како „прекрасно смислена“ измама. Гледачите на трибините неможеле да го следат текот на трката поради густата магла. А досетливиот Камуче тогаш го извел својот трик. Тој излегол на патеката на 300 метри пред крајот и „магично“ завршил пред сите други иако неговиот коњ бил аутсајдер. Но неколкукратно прегледување на видео снимката е забележано дека стартувале осум наместо девет коњи, а е забележано дека нозете на коњот на Камуче воопшто не се валкани.

12. ПЛИВАЧКИОТ ТИМ НА ИСТОЧНА ГЕРМАНИЈА



Поради малиот број освоени медали на Олимпијадите Пливачката федерација на Источна Германија покренала таен план, а поддржан од владата за систематски допинг - употреба да хормони и стероиди за подобрување на резултатите на пливачите. Женските пливачки тимови прикажале фантастични резултати и освоиле бројни златни медали на Олимпијадите во 1976, 1980 и во 1988 година.

По обединувањето на Германија, бил откриен планот на тогашната влада за создавање на „супер-спортисти“ со употреба да стероиди вклучувајќи ги и пливачите, а многу тогашни доктори и тренери биле повикани да сведочат на суд. Откриено е дека околу 10,000 спортисти од Источна Германија биле допингувани во периодот од 1968 до 1988 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...