Штербик во изборот за одбрана на сезоната во ЛШ

Голманот на македонскиот првак Вардар, Арпад Штербик се најде во изборот на топ три најдобри одбрани за минатата сезона во Лигата на шампионите. Шпанецот успешно го спречи ударот на Иван Никчевиќ во последните секунди, на реванш натпреварот од осминафиналната фаза против Висла Плоцк, со што му обезбеди победа на Вардар од 25:24. Штербик очекувано беше награден со громогласен аплауз од трибините на СЦ „Јане Сандански“, а неговата одбрана ја импресионира и цела ракометна Европа. Како негови најголеми „конкуренти“ за освојување на ова признание се појавуваат и Свавомир Шмал од Киелце, како и Георг Иванчук од Веспрем.



Гласањето за најдобра одбрана се спроведува на сајтот на ЕХФ, а според последните резултати, во огромна предност се наоѓа голманот на Веспрем со освоени 70% од гласовите. Штербик, пак, е на втората позиција со 25 проценти.

Без разлика на тоа како ќе заврши резултатот, македонската јавност очекува уште вакви одбрани од Штербик, кои овој пат, се надеваме поткрепени со успешна реализација на вардаровиот напад, ќе бидат доволни за настап на фајнл-фор турнирот од Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...