Извозен е загревачкиот круг, на ред е Веспрем

Комплетирано е првото коло од шестата сезона на СЕХА Гаспром лигата по кое можеме да констатираме дека овој шампионат ќе ја исполни потцртаната цел, да стане првенство кое ќе парира на најсилното во Европа.

Одиграни се шест натпревари од кои единствено дебито на Извиѓач во Брест беше резултатски неинтересен натпревар. На сите други е виден квалитетен ракомет, организација според стандардите на ЛП и амбиент достоен за амбициите на лигата.



Имавме можност да го видиме и македонското дерби. Металург ги надмина очекувањата, Вардар одигра под нивото кое од него се очекуваше.

Македонското дерби заврши со минимален триумф на Вардар како гостин, Металург утна шут за нерешено, подоцна низ снимки и фотографии се обиде да докаже дека последниот шут на Печенковски, односно одбраната што ја одиграа Рожерио и Карачиќ требало да биде санкционирана со пенал.

Пред натпреварот, на прес-конференцијата наменски го прашавме Лино Червар кој ќе биде играчот што треба да ја понесе одговорноста кога ќе биде тешко сезонава. Неговиот одговор беше помалку филозофски, скратено, дека тимот е најсилниот играч.

Тоа е в ред кога треба да се задоволат медиумите, но на теренот, се повтори сцена околу која неговиот претходник на репрезентативната клупа, Ивица Обрван, често се потеше пред микрофоните. Посебно на тесните натпревари, за време на ЕП.



Што да се (на)прави во последниот напад?

Кај Металург, на дербито, одговорност да го упати решавачкиот шут, падна на Печенковски.

Проблемите кои ги имаше Металург при транзицијата, посебно кога требаше да се отвори полуконтра или контранапад, беа изразени до мерка да треба сериозно да го замислат Лино Червар. Го чека многу работа на тој план.

Подвлечено, Металург заслужи аплауз за прикажаната борбеност па и квалитет. Немаше да биде незаслужено и ако освоеше бод, иако тоа ќе беше повеќе за сатисфакција и самодоверба отколку што ќе играше улога на табелата.

„ОПАСНА“ ИЗЈАВА

Вардар прокнижи три бода, но не беа задоволни „црвено-црните“ од прикажаното. Би рекле дека по ова прашање, нема никаква потреба Вардар да биде загрижен затоа што најголемиот виновник за ваквиот расплет е нивната преголема комоција. Тоа е лесно за решавање.

Би требало да е јасно каква е разликата меѓу Вардар и Металург и дека поконцентриран Вардар не би требало да има проблем да стигне до убедлива победа на следното одмерување на силите.



Нешто друго го привлече нашето внимание, а тоа е една изјава на Раул Гонзалез по натпреварот.

„Металург нè изненади со играта седум на шест“, изјави тренерот на Вардар.

Се надеваме дека оваа изјава е само дел од куртоазијата по мечот, со единствена цел да се додели комплимент на противникот. Ако е така, тогаш никому-ништо. Во спротивно, Вардар има причина да биде загрижен.

Со месеци се зборува, пишува и анализира промената на ова правило. Низ Скандинавија и Германија се практикува таа игра уште од моментот кога беше најавена. Констатација е дека од „корен“ се менува играта. Можеби во помала мерка, но, сепак, ова е нешто слично на воведувањето на брзиот центар.

Видовме и како изгледа тоа во Рио, ги читавме и коментарите на тренерите и анализите на стручњаците кои се идентични со споменатите. Дека ова правило, надополнето со поригорозното санкционирање на играта во одбрана, суштински ја менува играта.

Поентата е дека по толку време и толку најави, нема простор за изненадување.

Металург играше во еден период „седум на шест“, видливо е дека е во почетна фаза и дека не е добро совладано, но тоа е и нормално со оглед на тоа дека никој сè уште на докторирал на таа стратегија, која е меч со две острици.

Следните противници, посебно тие кои решиле први да ги користат бенефитите на изменетите правила, сите до ред имаат поумешни и попознати играчи од Металург, кај нив играта седум на шест ќе биде на повисоко ниво.

Во натпреварување со формат каков што е ЛШ, каде само една грешка може да пресуди, изненадувања од ваков тип, не се дозволени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...