Загреб следен предизвик за Вардар во СЕХА лигата

По триумфот над Веспрем во саботата со 29:22, ракометарите на Вардар ги очекува нов дерби дуел со хрватскиот претставник Загреб кој заедно со „црвено-црните“ се единствените екипи што досега настапиле на сите Ф4 турнири во СЕХА лигата.

Раул Гонзалес, тренерот на Вардар посакува повторување на играта од дуелот со унгарскиот шампион.



- Одигравме добар натпревар против Веспрем, затоа треба да ја повториме таа игра и на утрешниот меч. Знаеме дека ќе биде тешко против Загреб, бидејќи тие има добар тренер и играчи, ја користат секоја грешка и имаат брз контра-напад. Очекувам добар ракомет, денес ќе го одработиме последниот тренинг по што ќе знаеме кој ќе биде составот кој ќе истрча на теренот во вторник.

Капитенот Стојанче Стоилов очекува борбен натпревар.

- Загреб е една од екипите која најдобро ја познаваме, заедно сме во СЕХА лигата од самото формирање. Тие имаат тренер кој одлично нè познава, но и ние него. Натпреварот ќе биде динамичен и борбен. ППД Загреб е квалитетна и незгодна екипа, тоа го потврдија и минатата сезона во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Ако ја повториме играта против Веспрем можеме да очекуваме позитивен резултат, вели Стоилов.

Вардар и Загреб досега одиграле 14 натпревари во СЕХА Газпром лигата во претходните пет сезони. На седум натпревари се радувал Вардар, а еден меч завршил со реми. Во мечевите од регуларниот дел од сезоната, од девет мечеви, четири завршиле во корист на „црвено-црните" и исто толку за Загреб.



Хрватскиот првак досега само еднаш успеал да победи во Скопје, и тоа во финалето на Ф4 турнирот во 2013 година по продолжение. Во регуларниот дел од сезоната секогаш во Скопје победувал Вардар.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански" е закажан за утревечер во 17:45 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...