Стоилов претпазлив пред натпреварот со Мешков

Македонскиот ракометен шампион Вардар се наоѓа во серија од седум победи по ред и како фаворит го дочекува претстојниот дуел од Лигата на шампионите со Мешков Брест. Сепак, капитенот Стојанче Стоилов претпазлив пред средбата со белорускиот првак.

- Се наоѓаме во добра позиција, играме добро, атрактивно, и се оди како што треба. Но, не треба да летаме во облаци, треба да бидеме мирни и приземјени и да го дочекаме Мешков со мирна глава. За првиот меч со нив во СЕХА лигата да докажеме дека беше лош ден. Очекувам да имаме полна сала и дека ќе се вратат навивачите за првиот меч во Лигата на шампионите, вели Стоилов.

Тренерот Раул Гонзалез е горд на своите играчи за успесите лани и претходната сезона, но сега има поинаква екипа која игра побрзо, но сепак е потребна целосна концентрација за натпреварите.

- Лани имавме друга екипа. Сега имаме други играчи. Треба да играш како можеш, а не како сакаш. Сакам да ротирам, да играм со повеќе ракометари. Имаме нови играчи, не треба да тренираме многу, сите играат и одбрана и напад. Играме побрзо, но треба да се фокусираме на секој натпревар. Некогаш играш брзо, но не и добро. Јас бев горд како игравме лани и преклани со други играчи, и сега треба да докажеме дека можеме да направиме нешто добро, вели Гонзалез.

Тој очекува да продолжи добрата форма на тимот.

- Сега играме добро и сите уживаат кога ја гледаат нашата екипа. Игравме двапати против Мешков, во август и во СЕХА лигата. Имавме реми, но игравме многу потешко затоа што тие имаат добри играчи, умни, кои знаат да го користат контра-нападот. Ако сакаме да победиме мораме да се фокусираме 100 отсто, мора да се победува во ЛШ ако сакаш да постигнеш добар резултат, додаде шпанскиот стратег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...