Червар: Не сум преговарал со Хрватска!

Утре во Скопје гостува екипата на ППД Загреб и Металург одржа прес конференција на која го најави овој дуел. Но, далеку поатрактивно од пресметката меѓу овие два тима е темата за Лино Червар и неговата наводна преселба на кормилото на репрезентацијата на Хрватска.

Како што самиот кажа, не сакал да коментира поединечно и ја чекал оваа прес конференција за да може да го каже својот став.

„Деновиве сигурно добив 100-тина телефонски повици на темата Хрватска. Не сакав да влегувам во медиумскиот циркуз и затоа никому не кажав ништо. Ја чекав прес конференцијата. Што се однесува до шпекулациите... Јас на 66 години, да се нудам на Хрватска? Па, тоа би било срамота. Со моите медали, веројатно таму некој ме сака. Но, јас сум тука осма година. На тие што ме почитуваат не треба да им објаснувам ништо. Тие што не ме почитуваат... нивното мислење не можам да го сменам.

Нема никој што ќе ми го одземе правото да ја сакам мојата прва татковина Хрватска и мојата втора татковина Македонија. Македонија е мој втор дом.

Логично е моето име да се поврзува, но тврдам - никогаш со Хрватска не сум имал официјален разговор да бидам нивен селектор. Зошто? Затоа што го почитувам мојот клуб Металург и Минчо Јорданов, главниот виновник што дојдов во Македонија. Затоа што го почитувам и Живко Мукаетов, првиот човек на РФМ кој е моја голема поддршка. Не сакам да разговарам за Хрватска, ако веќе не сум разговарал со мојот клуб и РФМ.

Јас не кријам дека мојот дом е Хрватска, но мојот втор дом е Македонија и моја обврска е да и се оддолжам“, изјави Червар.

За „папараци“ ситуацијата од Веспрем, Червар коментира:

„Ме погодија фотографиите од Веспрем. Како да сум криминалец. Јас таму имам играчи со кои сум освојувал медали. Дали би било во ред да не ги видам? - изјави тренерот на Металург.

Останува да видиме како ќе се развива ситуацијата натаму. Со ППД Загреб сосеме сигурно доаѓа и нов бран на шпекулации за состојбата со испразнетото место на позицијата селектор на Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...