Борозан уште четири години во Вардар

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан и во следните сезони ќе биде дел од екипата на Вардар. Левиот бек и повеќекратниот македонски првак договорија нова соработка, и тоа за следните четири сезони, информира денес македонскиот ракометен шампион.

Според новиот договор Борозан треба да остане во Вардар најмалку до 2021 година. 23-годишниот Борозан дојде лани во Вардар, и во текот на сезонава се наметна како еден од подобрите играчи, постигнувајќи 41 гол во Лигата на шампионите. Во СЕХА Газпром лигата постигна 48 гола на 16 натпревари. Беше избран и во најдобрата седморка на Ф4 турнирот на СЕХА лигата во Брест. Со Вардар го освои својот прв трофеј во СЕХА лигата и првпат во кариерата ќе игра на Ф4 турнирот во Келн.

- Задоволни сме што во своите редови ќе го имаме и во иднина Вуко Борозан, и неговите силни и прецизни удари од далечина. Тој одлично се снајде во клубот досега и очекуваме и во иднина да прикажува доби игри, и заедно да се радуваме на нови успеси, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Вардар е пред одбрана на шампионската титула и во Македонија, откако победи убедливо со 38:25 (20:13) на последниот меч со Металург. На овој натпревар Борозан постигна шест гола и беше меѓу тројцата најпрецизни ракометари во тимот и на средбата.

Во кариерата Борозан има играно за екипите на Ловќен, Карловац, Металург и Либек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...