ОДИМЕ ВО ФИНАЛЕ

Вардарци ја поразија моќната Барселона

Еден живот, една љубов! Вардар оди во финалето на Лигата на шампионите, откако во последните секунди од дуелот со Барселона, успеа да го скрши фаворитот и да издвои победа од 26:25.

Триумф и историски пласман за дебитантот на Ф4 донесе Лука Циндриќ со голот во последните секунди во драматичната завршница.

Во поголемиот дел од првото полувреме Барселона беше во водство, а тоа најмногу се должеше поради големиот број технички грешки на македонскиот првак. Кога нашите ракометари заиграа со поголема концентрација успеаја да поведат пред паузата, најпрво со 12:11, а потоа и со 13:12, резултат со кој се отиде на полувреме.

Гол за гол се играше до 44.минута кога за првпат Вардар имаше плус 2 (19:17). Предводени од Кире Лазаров следуваше серија на Барселона од 5:2 за прво водство во второто полувреме (22:21) во 54.минута. Во последните шест минути вистинска драма со среќен крај за Вардар.

Најефикасни во победничкиот состав беа Алекс Душебаев и Иван Чупиќ со по 7 гола, Вуко Боразан постигна 5, Циндриќ 4. Голманот Арпад Штербик беше одличен на голот со 15 одбрани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...