Раул: Немавме среќа...

Селекторот на Македонија Раул Гонзалес по поразот од Чешка рече дека е пропуштена голема шанса за висок пласман.

- Одигравме многу добар натпревар. Немавме среќа во последните 15 минути. Противникот во второто полувреме одигра многу подобро. Ние пропуштивме шанса да го освоиме третото место во групата и да се бориме за петто и шесто место на шампионатот. Сега веќе не сме во таква позиција, изјави Раул.



Тој додаде дека со Данска ќе биде многу тешко да се остане непоразен.

- Нашата шанса беше денес. Чешка беше зад нас, а сега не помина. Утре ќе биде многу поразличен натпревар, истакна македонскиот селектор.

Бодрени од преку 3.000 навивачи „црвено-жолтите“ имаа одличен почеток и по девет минути водеа со 4:1. Три минути подоцна Кирил Лазаров од пенал зголеми на плус 4 (6:2). Истата предност нашите репрезентативци ја имаа и во финишот на првото полувреме (12:8), но во последните пет минути пропуштија неколку напади со играч повеќе да го зголемат водството. Тоа го искористија Чесите кои во финишот ја преполовија предноста на Македонија и на полувреме резултатот изнесуваше 13:11.



Со три гола во серија на Филип Талески во 38.минута македонските ракометари за прв пат имаа плус пет (17:12). Чесите беа упорни и на 12 минути пред крајот повторно се доближија на два гола (21:19). Во следниот напад Филип Миркуловски зголеми на 22:19. Со серија од 3:0 во 53. минута резултатот беше изедначен (22:22). На четири и пол минути до крајот Лазаров не реализира пенал за враќање на предноста, а на спротивната страна Чешка погоди за прво водство на натпреварот (24:23). До крајот двете репрезентации постигнаа по еден гол за конечен триумф на чешката селекција.

Втората групна фаза македонската репрезентација ја завршува утре со натпреварот против Данска закажан за 18 часот.

Табела Група 2: Данска 6 бода, Шпанија 4, Германија 4, Чешка 4, Словенија 3, Македонија 3



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...