Норвешка ги освои златниот и сребрениот бедал во најбрзата алпска дисциплина на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Првото место му припадна на Аксел Лунд Свиндал, додека второто на Кјетил Јансурд.
Бронзениот медал е за Беат Фојц од Швајцарија.
Свиндал трката ја заврши со време 1:40.25 минута, 12 стотинки побрзо од својот сонародник и 18 од трето пласираниот Швајцарец.
За Свиндал ова е второ злато на Олимпијадите, претходно има триумф во супервелеслалом во Ванкувер и вкупно четврти медал.
Норвешка стигнува до најсјајното одличје во спуст на ЗОИ по пауза од 70 години.