Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер Мирко Петровски (47).
Тажната вест ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо на својот фејсбук-профил.
-Се уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Coach мој, на поубаво место си, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.
Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирче мој, напиша Панчо.