Македонија против Франција во втората фаза од ЕП во кошарка

Во првиот од трите натпревари од втората фаза на Европското првенство во кошарка, Македонија вечер од 21 часот игра со Франција. Вечерашниот противник на Македонија на првенството стигна преку дополнителни квалификации, но и покрај тоа во првата фаза ги победи сите три натпревари и како фаворит влегува во мечот.

- Нашата првична цел ја остваривме и сега ни преостанува да изненадиме некој од наредните три противника. Првата шанса ќе ја имаме во дуелот со Франција која според мене е најподготвената репрезентација на физички план и е фаворит во вечерашниот натпревар. Нашата шанса за успех ја гледам во постигнување многу поени, а за тоа треба да проработи шутот како во првото полувреме против Хрватска, изјави селекторот на македонската репрезентација Јовица Арсиќ.

Во Бидгошч ќе се игра групата Е во која e Македонија и таа група е составена со вкрстување на А и Б групите од првиот круг. Репрезентациите си ги пренесуваат бодовите од меѓусебните дуели во групите од првата фаза.
Е група: Грција 4 бода, Франција 4, Германија 3, Хрватска 3, Македонија 2, Русија 2. Денеска играат: Русија - Хрватска (15:45 часот), Германија - Грција (18:15) и Франција - Македонија (21:00).

Ф групата ќе се игра во Лоџ и е составени од репрезентациите што играа во Ц и Д групите во првата фаза.
Табела: Турција 4, Словенија 3, Србија 3, Шпанија 3, Полска 3, Литванија 2.
Натпреварите од првото коло во оваа група се играат утре: Турција - Шпанија (15:45), Полска - Србија (18:15) и Литванија - Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...