Дебакл на македонија против фаворизираната Франција

Никој не не надиграл, не не понижил, не не прегазил како што тоа селекцијата на Франција го направи на отворањето на втората фаза од ЕП во Бидгошч и првиот дуел од групата "Е", не само по крајните 83:57.

Веројатно никогаш во нашата понова историја на репрезентивната кошарка не сме го доживеале тоа чувство.

Да, Франција е голем тим, кој веројатно прераснува да биде и главен претендент за златниот медал овде, во Полска.

Но, она што ни се случи во само десетина минути, веројатно ќе биде и тоа историско, секако со негативен призвук.

Тони Паркер и компанијата од НБА ни ги покажаа сите убавини на кошаркарската игра. Нашите момци можеа и само гледаа како е тоа да се игра модерна, НБА кошарка во презентација на петорката каква нема некоја друга селекција на Евробаскетот.

Јасно беше и свесни беа во нашиот национален тим дека Франција е голем огромен фаворит во овој дуел, и дека не треба да се очекува многу. Но мерило е покажаното на паркетот за кое едноставно нема зборови за опишување.

Посебно за она како игравме ние, поточно колку "галските петлиња" ни дозволија да одиграме во "Лужницка".

Одигравме катстрофално, мизерно, нешто што не наликува на репрезентативна, на врвна кошарка.

Изгледавме како да сме паднале од "Марс". А мора да се признае дека Паркер и колегите беа "марсовци" за нас. Селекција симната од вселената со намера да не изгази, да не елиминира, колку е можно порано, побрзо.

Им помогнавме и ние, тука нема збор. Влеговме и повеќе од уплашени, со изгубена самодоверба, уште при потфрлањето на топката.

Да не беше тројката на Ристе Стефанов за нашето единствено водство од (3-2), ќе нема(ше) простор да се напише уште некој ред за тоа како игравме во првото полувреме од оваа средба која треба да ја заборавиме уште кога се излегува од соблекувалните.

Не ни заслужија нашите момци да се спомене како одиграа. Беа трагични, изгубени во просторот, во времето. Влегоа во машината на "триколорите", она што најмногу се плашеше стручниот штаб.

Многу мислевме на противникот, а многу малку, речиси воопшто на нашата игра. Затоа и ја немавме. Не знаевме да го најдеме излезот од тунелот во кој влеговме по само неколку минути. По (11-3) Арсиќ викна тајм-аут, кога не поминаа ниту пет минути од играта.

Бадијала...

Изгледа немаше кој да го слуша, а и да имаше, на другата страна имавме противник кој не може да се брани.

По 10 минути, Франција беше на 24:9, а слично поминавме и во вториот период, пресликан од првиот. Без ама тронка желба за натпреварување со "марсовците" и не можевме да поминеме поинаку.

Не почестија Паркер и компанија со иста "порција". За нешто повеќе од 11 минути ја "скинаа" дваесетката, водеа со 29:9. Знак за нивниот селектор, Винсент Коле, да си ја одмори почетната петорка.

Но и онаа која влезе продолжи да не тероризира, да не бомбардира од секоја можна позиција. Имаа неверојатни 15 од 19 од поле Французите дотогаш.

Премногу и за многу посилни репрезентации од нашата, која едноставно разочара во овој дуел.

Многу повеќе и од оној стартен дуел во Полска со Грција. Пораз кој делува сериозно, депримирачки за сите со "црвена-жолта" боја во Бидгошч пред оние два клучни дуела со Германија и со Русија.

Оние 18 поени се веројатно исто така наш историски рекорд по бројот на постигнати поени во едно полувреме откако играме во евро-квалификациите и во завршницата на ЕП (по вторпат).

Во второто полувреме мораше, требаше да играме за нашата чест. Така почнавме затоа што Французите стоеја доста високо, со намера да работат рутински. Но тоа не можеше да се "покрие".

Навивачите, без оглед на тоа што не беа во ист број како и во Познањ, побараа "срце на терен" како последна надеж, опција за одбрана на честа македонска.

Пораз за паметење, во секој случај, и кој ако можеме мора веднаш да го заборавиме. Пред се доста поучен за сите во нашата делегација присутна во Бидгошч, како не треба да се игра, макар и против една велесила, симната од некое друго соѕвездие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...