ТОДОР ГЕЧЕВСКИ ЗРАЧИ СО ОПТИМИЗАМ ПРЕД НЕДЕЛНИОТ ДУЕЛ СО ДОБРО ПОЗНАТИОТ СОСТАВ НА ГЕРМАНЦИТЕ

Гладни сме за победи, сакаме уште некоја!

И овде е оној стариот, наликува на вистинскиот Тодор Гечевски. Човекот без кој овој наш состав тешко дека ќе може да функционира на некои квалификациски натпревари, а камоли за настап на едно европско првенство како ова во Полска.

И нему му е доволно јасно колку и што испуштивме во Познањ, особено на оној дуел со неговите добри познаници од Хрватска. Но не заборава дека прво е остварен замислениот ефект кој се граничеше и со пласман во втората осминафинална фаза на ЕП.

Јасно му е и нему, но и на соиграчите дека нашата вистинска, реална шанса за нешто повеќе треба да ја бараме во средбите со Германија и два дена подоцна со Русија.

По ден одмор и стартниот дуел со Франција овде, во Бидгошч, Гечевски смета дека имаме реални шанси да поминеме добро, па и да отидеме уште подалеку, во Катовице.

Сепак, се концентрира само на првиот противник, денеска, во 15.45, во салата "Лужњичка", Германија.

"Тие се добра екипа иако во групата играа доста слабо. Во вториот круг влегоа доста среќно затоа што изборија пораз против Летонија, кој им беше доволен за 'премин' во втората фаза. Но, претходно ја победија Русија, па сега сигурно е дека ќе бараат шанса да добијат некој натпревар во оваа новоформирана група.

Да, не се толку јаки како во минатите сезони, особено ако се знае дека тука не е присутен Дирк Новицки, а и уште еден играч од НБА лигата. Добро ги познаваме во секој случај, и не очекувам дека ќе променат нешто битно во нивната игра од она што го одиграа прво во Бамберг, а потоа и во Анкара. Игравме со нив два натпревари со нив и знаеме доста. Дека играат доста дисциплинирано, подредени му се на колективот, и се без некој особен лидер, ѕвезда, како што е Новицки. Никогаш се се предаваат и играат до самиот крај, впрочем како и сите германски спортисти. Го вратија Патрик Фемерлинг со што добија на висина, но мислам дека сега ќе играат побавно, што е и наша шанса"- вели Гечевски

Високиот кавадарчанец шансата за наш триумф ја гледа во добра и агресивна одбрана и отворање на што поголем број контранапади

"Мораме да играме поагресивно во одбраната против нив и да се обидеме да отвориме што е можно повеќе 'контри'. Тоа би бил некој рецепт за успех во овој дуел исклучително важен за нас во вториот круг"- ќе каже популарниот Гец..

Игравме против нив за кратко време двапати, можеби тоа е некоја наша, би ја нарекле и олеснителна околност?

"Да, сигурно е дека знаеме повеќе за нив, ја познаваме нивната игра, што ни овозможува и полесно да се подготвиме за овој дуел. Ако сакаме да го поминеме овој круг, свесни сме за тоа, ќе мора да ја победиме и Германија, а подоцна, како што тргнаа работите во Бидгошч и Русија. Тие се двете наши најважни средби овде. Затоа ќе дадеме се од себе, па ќе видиме што и како понатаму. Загубивме тесно на нивни терен, но победивме лесно во Анкара во финалниот дел од подготовките. Мислам дека сме подобри и дека ќе славиме уште една победа на ЕП, која би не приближила уште повеќе кон новата цел, четвртфиналето".

Колку Тодор Гечевски е задоволен од досегашниот тек на шампионатот кога се во прашање нашите игри?

"Мислам дека треба да бидеме задоволни со постигнатото, пред се. Иако секогаш се може и подобро. Иако имавме шанси да направиме нешто повеќе, како на средбата против Хрватска, во второто полувреме не успеавме да ја сочуваме големата предност од првото, меѓутоа сега сме поподготвени. Доста сме порелаксирани затоа што кога тргнувавме овде за нас беше успех токму да дојдеме до Бидгошч и до втората фаза од натпреварите"-анализира Гечевски.

Дали токму таа релаксираност, таа наша опуштеност може да влијае директно, секако во позитивна насока, на резултатите во овие два решавачки дуели со Русија и со Германија?

"Мислам дека не, мислам дека и така ќе бидеме доволно мотивирани без разлика на тоа што досега го направивме, нема да застанеме, нема да се предадеме. Ќе сакаме уште повеќе"- заклучува нашиот најискусен кошаркар во центарската линија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...