Барселона вечерва гостува во СРЦ Кале

Ракометарите на Вардар Про вечерва во салата Кале од 18 часот и 30 минути во рамките на 5.коло од Лигата на шампионите од Д групата ќе ја пречекаат екипата на Барселона.

Стана некако традиција најпознатиот ракометен колектив од Шпанија еднаш годишно да игра во Скопје. Шесткратниот освојувач на Лигата на шампионите ќе влезе како фаворит во натпреварот.

За големината на противникот капитенот на „црвено-црните“ Стевче Алушевски изјави: - Во моментов Барселона и Кил се едни од најдобрите ракометни екипи, а како што знаете и двете се во нашата група. Барселона можеби е и најтрофејниот клуб воопшто, не само во ракомет туку и во другите спортови. Тоа не значи дека ќе излеземе со бело знаме, ќе се бориме и ќе го дадеме нашиот максимум. Ако е тоа доволно може утре и да изненадиме. Секогаш кога се игра во Лигата на шампионите има мотив, иако ние веќе ги загубивме шансите за четвртото место во групата. Очекувам поддршка и од навивачите во нашата сала.

За тренерот Веселин Вујовиќ, поранешен играч на Барселона натпреварите со неговиот поранешен тим будат секогаш емоции. Тој смета дека екипата сега е можеби најблиску до посакуваното ниво.

- За мене приоритет во овој момент е одбраната на титулата државен првак и сите планови кои се прават се во таа насока. Во секој случај мислам дека подобро е за еден натпревар како што е дуелот со Металург, најдобро е да се игра со екипа како Барселона, истакна Вујовиќ. 

Другите натпревари од Д групата од ова коло ќе се одиграат во текот на викендот: в сабота Адемар – Колдинг, а в недела се игра натпреварот Кил – Амичитиа.

На табелата води Кил со 7 бодови, Барселона има 6, Колдинг 5, Адемар 4, а Вардар Про и Амичитиа по 1.

Денеска на програмата се уште два натпревара од Лигата на шампионите, во рамките на А групата играат: ПАОК – Ваљадолид и во Б групата  Рајн Некар Ловен – Горење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...