Прва победа на ракометарите на Вардар Про во Лигата на шампионите

Скопје, 27 февруари (МИА) - Триумф на екипата на Вардар Про на гостувањето во Цирих кај швајцарскиот шампион Амичитиа со 31:24. Ова е прва победа на македонскиот првак во Лигата на шампионите оваа сезона, со што ќе ја избегне последната позиција во групата Д.

Почетокот на натпреварот не навестуваше ваков исход откако на полувремето Амичитиа водеше со 18:15. Но, во вториот дел „црвено-црните“ ги консолидираа редовите и на десет минути до крајот имаа водство од пет голови, кое во последните 10 минути и го зголемија.

Со по пет голови најпрецизни кај Вардар Про беа Радослав Стојановиќ, Виктор Јовчевски и Борко Ѓорѓевиќ. Голманот Петар Ангелов имаше 11 одбрани исто колку и противничкиот Васикевичиус.

Во вториот натпревар од 9.коло од групата Д Кил го победи Колдинг со 38:23, а утре играат Адемар – Барселона. Кил е прв со 15 бодови, Барселона е втора со 14 (натпревар помалку), следат Колдинг со 10, Адемар има 9 (натпревар помалку), Вардар про е на петтото место со 3, а Амичитиа последна со 1 бод.

Во последното коло Вардар Про гостува кај Кил на 7.март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...