Македонија драстично ослабена во мечот со Хрватска

Скопје, 29 март (МИА) - Женската ракометна репрезентација на Македонија се соочува со големи проблеми пред претстојниот квалификациски дуел за Европското првенство со Хрватска.

Во црвено-жолтиот дрес веќе нема да настапува Наталија Тодоровска која одлучи да се повлече од репрезентативниот ракомет. Но, освен десното крило, за натпреварот в среда селекторот Јосиф Петковиќ нема да ја има на располагање ниту Јулија Портјанко. Тој пред почетокот на денешниот тренинг беше известен дека организаторот на играта на македонската репрезентација Портјанко има повреда на раката и нема да може да настапи в среда.

- Денеска во 11 часот дознав дека Портјанко дошла повредена. Ако на почетокот на подготовките на 24 март знаев за ваквата состојба ќе имав време да најдам алтернатива, посебно за одбраната каде мислам дека ќе бидеме осетно ослабени. Никој не ме информира на време и сега е тешко на два дена до натпреварот да се направи нешто посериозно, рече Петковиќ.

За текот на подготовките и пристапот кон работата на тренинзите на другите репрезентативки македонскиот селектор искажа пофални зборови.

- Задоволен сум од досегашното залагање на девојките на тренинзите. Нивната работа и желбата коректно да ги одработат задачите е добрата страна. Меѓутоа лошата страна во овој двомеч е тоа што во овој момент објективно гледано квалитетот е на страната на Хрватките.

Тој додаде дека сегашната состојба во репрезентацијата ќе покаже дали и колку вреди секоја од репрезентативките. - Отсуството на двете носителки на играта на Македонија во изминатиот период, Наталија Тодоровска и Јулија Портјанко ми ги расипаа плановите за натпреварот со Хрватска. Ние во моментов сме многу ослабени, но ова е голема шанса за останатите девојки да покажат дека можат да играат со големи репрезентации.

Селекторот и репрезентативките побараа помош од публиката и ги повикаа македонските љубители на спортот да дојдат во што поголем број на натпреварот.

- Барам максимална поддршка од публиката без разлика на резултатот. Ние ќе се потрудиме да го изненадиме противникот, а тоа ќе зависи колку тие ќе ни дозволат. Хрватска е многу силна репрезентација која според мене ќе се бори за медал на Европското првенство. Нашата цел е зацртана и ние одиме кон таа цел. Нашата замисла е учество на ЕП а тоа нема да зависи дали ќе ја победиме Хрватска туку директно ќе зависи од средбата со Холандија на крајот на квалификациите, додаде Јосиф Петковиќ.

И репрезентативките се свесни за моменталната сила на противникот па во целост им ја препуштаат фаворитската улога. - Хендикепирани сме со неиграњето на Тодоровска и Портјанко. Многу ќе ни недостигаат двете, но нема да се предадеме однапред. Со нашата борбеност, залагање и поддршка од публиката ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат, истакна капитенот Тања Андреева.

Натпреварот Македонија - Хрватска ќе се одигра в среда во „СРЦ Кале“ со почеток од 18 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...