Традицијата сојузник на сениорките

Женската сениорска селекција на Македонија вечерва, од 18 часот, во СРЦ "Кале" ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за Европското првенство кое во декември ќе се одржи во Данска и во Норвешка. Противник на нашите најдобри ракометарки денеска се репрезентативките на Хрватска против кои секогаш играме добро на домашен терен кога се работи за официјален натпревар.

Иако оваа средба нема да одлучи која селекција ќе се најде на завршницата, сепак, е од голема важност. Победа за Македонија на овој меч ќе значи и чекор поблизу до место на европскиот шампионат.

Македонската селекција е ослабена пред денешниот дуел со Хрватска, а исто ќе биде и за следниот натпревар кој в сабота ќе се одигра против истата селекција во Чаковец. Покрај Наталија Тодоровска, која одлучи да стави крај на својата кариера, селекторот Петковиќ не може да смета ниту на Јулија Партенко, која има повреда на палецот на десната рака.

"Лесно е да кажеме дека ќе победиме, но во моментов такво нешто не можеме да изјавиме. Ние ќе се обидеме да направиме се што е во наша можност и да дојдеме до триумф. Да бевме комплетни ќе беше сосема друга приказна. Хрватска е квалитетна селекција. Има одлични ракометарки кои веќе долго време се заедно. Играат добро и сметам дека можат да победат против секого, а воедно и да се борат за медал на завршницата од шампионатите. Што се однесува до нас, за позицијата десно крило веќе се обидуваме да најдеме решение и тоа го работевме неколку дена на тренинзите. Знаевме дека Тодоровска се откажа и во догледно време ќе имаме сигурно решение за подолго време за таа позиција. Сепак, не затекна повредата на Партенко и немаме доволно време за да го измениме она што го планиравме да го имаме во играта со неа", вели селекторот на македонската селекција, Јосиф Петковиќ.

Проблеми околу составот имаше и во таборот на Хрватска. И селекторот на оваа репрезентација, Здравко Зовко, не може да смета на сите ракометарки. Сепак, и во една ваква ситуација се уште и се дава предност на хрватската селекција.

"Во ситуација кога не можеме да сметаме на сите ракометарки добро е што играме два натпревари против составот на Хрватска. Оваа селекција нам не ни е конкурент бидејќи победата против Хрватките денеска може да не ни значи ништо доколку до крајот не одиграме на потребното ниво. Ние ќе мораме и во мај да победиме против Литванија и Холандија доколку сакаме пласман на евро завршницата".

И покрај се денеска ќе мора да се одигра најдобро што може со оние ракометарки коишто се најдоа во составот. Во потесен избор се вкупно 16 девојки од коишто ќе се очекува да го понесат товарот на овој двомеч против Хрватска. Ќе мора да се одигра и без Тодоровска и без Партенко. Ќе треба да се прикаже најдоброто на теренот и така да се направи обид да се дојде до посакуваниот резултат. Од оние коишто денеска би требало да играат, својот прв настап на официјален меч за Македонија се очекува да го има голманката Магдалена Хофман-Стојановиќ. Таа заедно со Наумоска треба да биде поддршка за капитенот Андрејева и оваа голманска тројка би требало да се прикаже во добро издание и да биде од голема помош за македонската репрезентација. Тука се и крилата Срњакова и Здравевска, коишто досега настапувале на пријателски средби, па очекуваат свој настап и на официјални дуели. Во селекцијата се враќа и Охоланга Локи така што конкуренцијата на десната страна е зголемена.

И покрај се денеска е најважно да се одигра со сите сили и да се прикаже најдобрата партија досега во овие квалификации. Имаме три бода од кои еден е од гостувањето против директниот конкурент Холандија. Два поена денеска ќе ја донесат Македонија на чекор од ЕП. Ракометарките се подготвени за игра и од нив се очекува да го прикажат најдоброто и да ги донесат посакуваните бодови. Сега е важно да се истуркаат овие квалификации на најдобар можен начин, а потоа при крајот на мај ќе се очекува многу повеќе од дуелите со Литванија и Холандија. Тогаш секако ќе биде многу поважно во тимот да се имаат сите ракометарки и да се освојат значајните поени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...