Бостон на "мускули" го доби Мајами

Типичен старт на овогодишниот плеј-оф во НБА лигата во оваа сезона. Борба, интензитет и неизвесност не недостасуваше ниту во првото коло од овогодишното разигрување.

Најинтересно и најжестоко беше во Бостон каде домашните Селтикси го стартуваа продолжението на шампионатот со победа над Мајами од 85:76. Натпреварот го одбележаа повеќе настани кои се и тоа како вредни да се споменат. Мајами подготвено влезе во овој меч и беше рамноправен во текот на целиот натпревар. Мајами може слободно да жали за пропуштената шанса да направи брејк уште на стартот на серијата против Бостон, од едноставна причина што домашните не беа на потребното ниво. Сепак, Селтикси беа доволно сконцентрирани во последната четвртина за да направат серија од 13-2 и да се одлепат резултатски. Агресивноста на овој типичен плеј-оф меч кулминираше во финишот на мечот. На 40 секунди до крајот, Пол Пирс се најде на паркетот по еден фаул. Ова се случи во непосредна близина на клупата на Мајами по што Пирс беше опкружен од страна на играчите на двете екипи. Настана општа мешаница во која секој сакаше да се објасни со секого, а најдебелиот крај го извлече Квентин Ричардсон, кој доби лакот во лицето од страна на Кевин Гарнет. Следуваше исклучување на Гарнет поради две едноподруго технички грешки.

"Единствено што сакав е да го заштитам Пол. Морам да бидам попаметен во вакви ситуации бидејќи ова не беше добра реакција" - истакна Гарнет.

Поради комплицираноста на прекршокот на Гарнет можно е ѕвездата на Бостон да биде суспендиран за вториот меч од оваа серија.

Иако ова беше можеби најатрактивниот настан за гледање на овој кошаркарски "грд" натпревар мора да се напомене следново. Мајами на 7.02 до крајот на третата четвртина имаше водство од 61:47. Следуваше гореспоменатата серија на Бостон која немаше да се случи доколку Мајами не направеше вкупно 22 грешки.

"Не покажавме доволно концентрација во одредени делови од мечот. Ова се мечеви со доста притисок. На моменти немавме и среќа по што логично беше да загубиме" - истакна тренерот на Мајами, Ерик Споелстра.

За Бостон Пол Пирс впиша 16 поени, додека Гарнет застана на 15 коша и девет скокови. Тони Ален имаше поен помалку. За Мајами Двејн Вејд имаше најубедлив скор од 26 поени.

Со ова Бостон ја исполни примарната цел и со победа ја почна серијата во плеј-офот. Иако не така убедливо како што се очекуваше, сепак, Селтикси поведоа со 1:0. Следниот меч меѓу овие две екипи повторно се игра во Бостон во вторник навечер по европско време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...