МАКЕДОНИЈА - УНГАРИЈА 78:44

"Црвено-жолта" фурија!

Уште еден блесок на нашиот најдобар национален тим.

Македонија со победата над Унгарија (78:44) го отвори циклусот квалификациски дуели на домашен терен.

Сосема очекувано нашите момци ја искористија големата поддршка во преполната сала "Борис Трајковски" и го направија вториот чекор кон Литванија.

Заслужено се радувавме...Почнавме доста моќно, сигурно. На самиот старт најавивме дека нема да дозволиме никакво изненадување, особено од противник кој мора да се добие да се гаи новиот европски сон.

За разлика од гостувањето во Јужни овојпат функционираше и надворешната линија, го имавме расположениот Дарко Соколов, кој имаше 100% реализација.

По само првите десет минути постигна девет поени (3/3 за два, 1/1 за три поени), а на него одлично се надоврза и најискусниот Тодор Гечевски.

Унгарците како да се исплашија од громогласната публика. Откако им поведовме со 11:2, за да дојдат до вториот поени се мачеа скоро пет минути.

За кратко на контото создадовме 19:5, а потоа пред крајот дојдовме и до највисоките за овој дел од играта 23:18.

И во втората четвртина продолживме во исто темпо.

Веќе во 11 минута ги запишавме 26:10. Тешко можеше да не сопре Унгарија, која пак евидентно беше збунета, што пак нам ни одеше во прилог, пред се за побрзо дојдеме до поголема позитива за помирен финиш.

Во 14 "црвено-жолтите" водеа со 32:14, а во последната секунда пред полувремето Гечевски испушти шанса за да ја "раситнеме" и првата 20 против Унгарија. Не беше прецизен од линијата за три поени, па на одморот сепак заминавме со доволни 39:20.

Слабата игра на противникот се должеше пред се заради нивната очајна реализација од линијата за три поени (1/10), односно нивното најопасно оружје кое што успеавме со одличната одбрана тотално да го анулираме. Никаде ги немаше нивните лидери, Ханга беше премногу тивок, по што резултатот по првиот дел беше сосема логичен.

Унгарската репрезентација без вистински лидер на теренот тотално подлегна на притисокот предизвикан од нашата квалитетна игра. Предводникот Лајош Месарош постојано правеше измени но попусто никако не можеше да ја пронајде идеалната петорка која за момент ќе и парира на нашата петорка.

А за тоа пак сведок беа наредните десет минути во третата четвртина. На теренот можеше да се види класично "газење". На полувремето позитивата од 39:20 со серија од 12-3 за само неколку минути ја претворивме во највисоки 51:23 односно плус 28.

По што сосема очекувано следуваше мало опуштање од нашата страна (типично за нас), но и Унгарците еднаш мораа да почнат и да погодуваат, па на момент се разбуди опасниот Ханга.

Но само за кратко. "црвено-жотлтата" боја продолжи да доминира. Во овој дел од натпреварот повторно главната улога како и на првиот натпревар ја имаа Гечевски и Антиќ, не дозволуваа резултатската предност да биде стопена.

Откако стручниот штаб увиде дека нема опасност, одлучи шанса да им даде на оние играчи од клупата добиваат мала минутажа, па токму затоа во еден момент се играше доста непродуктивно. Падната атмосфера на момент ја дигна Александар Костоски кој со тројка ја дигна публиката на нозе.

Стандардно главната улога на теренот покрај Гечевски и Антиќ, кои заедно искомбинираа 31 поен, во одлично издание се покажа Дарко Соколов, кој со 15 поени беше водечка сила на надворешната линија.

На другата страна Ханга имаше скромни и несреќни 13 поени.

Со новата и Убедлива победа над Унгарија нашата најдобра селекција со голема самодоверба денеска изутрина замина за Велика Британија, поточно Њукасл каде в недела го игра третиот квалификациски дуел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...