НЕМА ОДМОР ЗА МАКЕДОНСКИТЕ КОШАРКАРИ, ВЕЌЕ В НЕДЕЛА (17:00 ЧАСОТ) МУ ГОСТУВАМЕ НА ФАВОРИЗИРАНИОТ СОСТАВ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

По "хет-трик" во Њукасл

"Ќе играме без калкулации, можам да гарантирам, тука ќе одиме на победа. Сигурно ќе биде тешко, но доколку успееме да ги изненадиме ќе биде многу полесно", најавува Марин Докузовски

Промени во составот дефинитивно ќе има. Најверојатно за третиот квалификациски дуел Докузовски ќе го одмори Маркиз Грин, а првите дебитантски минути ќе му ги довери на Мек Кејлеб.

По првиот триумфот на домашен терен нашиот најдобар национален состав немаше многу време за радост.

Њукасл е новата дестинација на "црвено-жолтата" чета која в недела (17:00 часот) ја чека најголемиот предизвик, селекцијата на Велика Британија.

За разлика од останатите противници, тимот од Островот е еден од најголемите фаворити во нашата група "Б".

Слободно може да се каже дека овој дуел ќе биде вистински тест, но и патоказ за Марин Докузовски и неговите избраници преку Британците ќе ги увидиме нашите вистински можности, а со победата ќе дојдеме до посакуваниот "хет-трик".

И овој пат времето за подготовка беше премногу кратко, а напорниот распоред кој како да стана нормална процедура за нашите јунаци. Но и покрај тоа што репрезентативците се свесни за големината на Велика Британија, сепак, нема да калкулираат, уште помалку да излезат со бело знаме.

Како и до сега ОДИМЕ НА ПОБЕДА...

"Распоредот е многу згуснат, но како за сите така и за нас. Ќе играме без калкулации, можам да гарантирам тука ќе одиме на победа. Сигурно ќе биде тешко, но доколку успееме да ги изненадиме ќе биде многу полесно. Иако во второто коло одмораа, сепак, сум сигурен дека желбата кај играчи е голема и ќе дадат с# од себе против Велика Британија", смета предводникот на македонскиот национален тим, Марин Докузовски.

Промени во составот дефинитивно ќе има. Стручниот штаб веќе во комбинација го има Лестер Бо Мејк Кејлеб, кој заедно со Ристе Стефанов се во Њукасл. Најверојатно за третиот квалификациски дуел Докузовски ќе го одмори Маркиз Грин, а првите дебитантски минути ќе му ги довери на Мек Кејлеб.

"Во Њукасл отпатуваа Мек Кејлеб и Грин, а тука ќе одлучиме кој ќе настапи, иако сме на некој пат и веќе знаеме како ќе ја поставиме играта против Велика Британија. Одиме од натпревар во натпревар. Засега може да се види дека Мек Кејлеб ќе одговара повеќе на нивната игра, шансите да заигра на овој натпревар се големи. На последниот тренинг пред мечот со Унгарија видов дека формата му е подигната. Како што кажав, со нас е и Ристе Стефанов, кој во Скопје почна со тренинзи. Ако се земе дека квалификацискиот циклус е доста долг, добро е што ги сочувавме Мек Кејлеб и Стефанов, кои ќе ни бидат потребни за најважните натпревари", вели во продолжение искусниот стратег.

Што се однесува до мечот со Унагрија, нашите момци не дозволија изненадување...Се одеше според планот, секако по заслуга на публиката, која ја имаше во голем број.

"Пред да почне натпреварот бев малку претпазлив, ја анализирав играта на Унгарија, со моите помошници видовме дека се работи за една шутерска екипа на која

треба да и се одговори со една доста агресивна одбрана. Но откако загубија од Велика Британија се покажа дека се работи за слаб тим, но против таква екипа секогаш очекуваш да биде лесно, но, за жал, станува тешко. Беше добро што играчите сфатија дека мора да влеземе максимално и агресивно во одбраната, само така Унгарците можевме да ги сопреме. Уште во првите минути ги притиснавме и не им дозволиме да се разиграат. Мислам дека по тоа како да им падна моралот и беа импресионирани од публиката", заврши Докузовски.

М. К.

***
Можеме да го сопреме опасниот Денг

Најголемата опасност на Велика Брианија се вика Луол Денг. Играчот на Чикаго Булс уште во првото коло на гостувањето кај Унгарија ги покажа своите квалитети.

Но како и за претходните два натпревари селекторот Докузовски најави дека има решение и за него.

"Иако за Денг сe уште ја правиме анализата, сепак, информациите велат дека и покрај 32 поени кои ги постигна има слаба страна. Се покажа дека физички не е подготвен, па токму затоа ќе треба добро да го измориме во одбраната", смета Докузовски.

А дека ќе мора да внимаваме на него ни најави и селекторот на Унгарија, Лајош Месарош. "За нас мечот со Британците беше прв. Искрено, не можевме да го сопреме Денг, иако имавме добар процент за шут, сепак, во последните минути не реализиравме четири лесни поени", рече Месарош.

***
Без официјална средба со Британците

Со Велика Британија како единствена екипа (претходно во квалификациите посебно учествуваа Англија, Велс, Шкотска и С. Ирска) досега немаме одиграно официјална средба.

Имаме одиграно само една пријателска средба, и тоа минатото лето во Анкара, каде во рамките на Ефес куп турнирот, во подготовките за ЕП во Полска, на 28 август 2009 година, победивме со 78:67.

***
БиХ до прв триумф

Селекцијата на БиХ квалификацискиот цикслус го стартуваше со победа на домашен терен. Избраниците на Сабит Хаџиќ во Сараево со убедливи 86:76 го совладаа тимот на Украина, кој сe уште е без победа на квалификациите.

Најефикасни во редовите на Босанците кои се нашиот втор противник на домашен терен, беа Кенан Бајрамовиќ и Хенри Домеркант, двајцата заедно реализираа 34 поени.


ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - МАКЕДОНИЈА

Почеток: 17:00 ч.

Судии: Гонзалес (Шпанија), Бисанг (Франција) - Форсберг (Шведска)

делегат: Валенте (Португалиај)

СОСТАВИ

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Ачара

О.Адегбој

П.Менса-Бонсу

А.Силиван

Л.Денг

Е.Боутенг

М.Брајан-Аменинг

Н.Ренкинг

Д.Кларк

Ф.Бојд

Џ.Робинсон

Д.Бејли

Селектор: К.Финч

МАКЕДОНИЈА

Меккејлеб

Мираковски

Соколов

Караџовски

В.Стојановски

Д.Стојановски

Костоски

Гечевски

Антиќ

Симоновски

Чековски

Самарџиски

Селектор: М.Докузовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...