Трет пораз на македонската ватерполо репрезентација

Очекуван убедлив пораз од 19:9 на македонската ватерполо репрезентација од светскиот првак Србија во дуелот од четвртото коло на Европското првенство што се одржува во Загреб.

Иако ова беше можност да се прикаже добра игра ривалот не дозволи ниту најмала шанса, а македонските ватерполисти потфрлија особено во играта во напад кога тешко доаѓаа во позиција да упатат удар кон противничкиот гол. 

По слабата прва четвртина која ја загуби со 4:0, Македонија првиот гол го постигна во 16.минута. Вториот период Србија го доби со 2:1, а во третиот беше уште по ефикасна добивајќи ја четвртината со 7:2. Во последната четвртина избраниците на Стеван Нонковиќ за првпат успеаја да постигнат и два гола по ред на овој натпревар, а воедно и единствената која резултатски мина без победник и заврши 6:6.

Головите за Македонија ги постигнаа Здравко Делаш 3 голови, Данијел Бениќ и Владимир Латковиќ постигнаа по 2,  а Игор Рачуница и Иван Вукасановиќ по 1.

Кај Србија воедно и на  натпреварот најефикасен беше Андрија Прлаиновиќ со 5 голови.

Србија со оваа победа има 9 бодови, а Македонија во пресрет на неделниот дуел со Унгарија остана на 3 бодови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...