Јамаха бараат Роси да не го напаѓа Лоренцо?

Менаџментот на тимот на Јамаха му кажа на Валентино Роси дека бил премногу агресивен во одбраната на третото место против тимскиот колега и лидер во генерален пласман Хорхе Лоренцо во финишот на Јапонското ГП во Мотеги. Лоренцо беше побрз од Роси во последните кругови од трката и двојката ги менуваше местата шест пати во последните два кругови, и имаше неколку контакти, пред Роси да заврши на подиумот.

"Мислам дека постапките на Валентино кон Лоренцо не беа коректни. По трката Хорхе дојде кај нас и не праша за нашето мислење за однесувањето на Роси. Тука бевме четири луѓе - јас, Фурусава и уште двајца од Јамаха. Сите се согласивме дека таква битка меѓу тимските колеги навистина нема смисла. Очекуваме нашите возачи да внимаваат повеќе на безбедноста бидејќи тоа беше премногу тесно", вели Лин Џарвис, шефот на Јамаха.

Лоренцо, кој останува во Јамаха и следните две сезони, може да ја освои титулата во Сепанг, Малезија во недела. Седумкратниот светски шампион Роси не е во игра за титулата откако ја скрши ногата на тренингот за Италијанското ГП, а следната сезона ќе настапува за тимот на Дукати.

"Ние му ја кажавме вистината на Валентино - трката беше премногу тесна и тешка. Тоа не се прави посебно поради ситуацијата во шампионатот. Валентино беше преагресивен. Знам дека фановите сакаат спектакуларни битки, но ние пред се сакаме нашите возачи да се почитуваат", завршува Џарвис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...