Лоренцо мисли на титулата, а не на Роси

Хорхе Лоренцо вели дека единствената цел е да се обезбеди првата Мото ГП титула овој викенд во Малезија. Возачот на Јамаха има 69 поени предност пред шпанскиот сонародник Дани Педроза, но возач на Хонда ќе ја пропушти трката поради повредата при падот на тренингот во Јапонија. Тоа значи дека на Лоренцо му требаат само 6 поени, или 10. место за титулата.

"Во умот имам само една мисла - што ќе се случи во недела и како ќе ја освојам титулата. Тоа е мојот најголем сон и би било одлично да се случи веќе во Сепанг, бидејќи ја сакам Малезија и тука имам поминато многу километри, а ја освоив и 250 титулата во 2007 на таа патека", објаснува Шпанецот.

Тој не заборави да се осврне на неговата битка со колегата Валентино Роси на Јапонското ГП, кога по трката го обвини дека користел не-фер потези, а Јамаха и официјално го предупредија Италијанецот, кој заминува во Дукати на крајот на сезоната. Лоренцо вети дека следниот пат ќе се бори поостро.

"Тој не направи потези за кои следуваше казна, бидејќи ако беше така стјуардите ќе интервенираа. Но, сепак, тоа беше на границата. Кога? Во секој момент кога ме претекнуваше. Имавме контакт и тој ме туркаше. Така беше и во минатото со возачи како Жиберне и Стонер, а сега дојде ред на мене. Но, јас не сум како нив - ако се бориме пак кога титулата ќе биде освоена, се ќе биде поинаку. Судар меѓу нас ќе беше вистинска катастрофа за Јамаха и затоа отидов кај шефовите. Најдобрите потези во последниот круг се прават за победа, а не за трето место", објаснува Лоренцо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...