Македонската машка ракометна репрезентација на „Трофеј Карпати“

Македонската машка ракометна репрезентација од денеска до сабота во романскиот град Орадеа ќе учествува на традиционалниот турнир „Трофеј Карпати“.

Покрај Македонија и домаќинот Романија на турнирот ќе учествуваат Белорусија и Тунис.

По оставката на Љубомир Савевски, функцијата в.д. селектор на репрезентацијата ќе ја извршува Звонко Шундовски, а ќе му асистира Андон Бошковски.

Македонија вечерва во 18 часот го игра првиот натпревар со домаќинот Романија. Утре за противник ќе го има Тунис (почеток на дуелот е во 16 часот), додека на последниот ден игра со Белорусија (почеток во 10 часот).

На турнирот Шундовски нема да може да смета на Кирил Лазаров, Владимир Темелков и Лазе Мајнов кои имаат обврски кон своите екипи и на соиграчите во репрезентацијата ќе им се приклучат подоцна. Во составот за Орадеа ги нема и Петар Ангелов, Борко Ристовски и Филип Миркуловски (поради повреди), како и Наум Мојсоски и Стевче Алушевски поради замор.

Учеството на овој турнир е воедно и подготовка за двата квалификациони дуели за Европското првенство, кои Македонија ќе ги одигра на 27 октомври во Скопје со Естонија и на 31 октомври со Босна и Херцеговина во Сараево.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...