Македонија го освои третото место на ракометниот турнир „Трофеј Карпати“

Орадеа, 23 октомври 2010 (МИА) - Ракометната репрезентација на Македонија која учествува на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Орадеа, Романија го освои третото место. Избраниците на в.д. селекторот Ѕвонко Шундовски во последниот натпревар на турнирот, претпладнево ја совладаа Белорусија со 31:28.

Белорусите водеа во текот на првите 25 минути со разлика од еден до три голови, за на полувреме да се оди со водство на Македонија од 16:15. Македонските ракометари во вториот дел ја одржуваа предноста и на крајот славеа со три голови разлика.

Во второто коло Тунис вчеравечер ја победи Македонија со 25:16. Македонските ракометари го одиграа најслабото прво полувреме во историјата на репрезентацијата, откако по 30 минути игра противникот водеше со 15:2. Во вториот дел македонските репрезентативци беа поефикасни и ја намалија негативата од 13 на 9 голови на крајот од мечот.

Вториот натпревар од 2.коло заврши со победа на домаќинот Романија над Белорусија со 37:33.

За првото место денеска ќе се борат домашната репрезентација на Романија и Тунис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...