Почнува Европското првенство во ракомет за жени

Четири града, по два во Данска и во Норвешка ќе бидат домаќини на групите од првата фаза на деветтото Европско првенство за ракометарки што почнува денеска.

Титулата ја брани Норвешка која пред две години во финалето во Скопје ја победи Шпанија. На досегашните европски шампионати Норвешка има освоено 4 титули, Данска трипати била европски шампион, а еднаш на шампионатот победила Унгарија.

Шеснаесетте репрезентации се поделени во четири групи.

Во „А“ групата која се игра во Алборг, Данска во 1.коло играат: Шпанија - Романија (почеток 18:15 часот) и Данска - Србија (20:45).

„Б“ групата се игра во Архус (Данска), а стартните двојки се: Црна Гора - Русија (18:15) и Хрватска - Исланд (20:15).

Натпреварите од „Ц“ групата ќе се играат во Ларвик (Норвешка), а двојките од 1.коло се: Германија - Шведска (17:45) и Украина - Холандија (19:45).

Европскиот шампион и ко-домаќин Норвешка своите натпревари од „Д“ групата ќе ги игра во Лилехамер пред своите навивачи. Во 1.коло од оваа група играат: Унгарија - Словенија (18:15) и Норвешка - Франција (20:15).

Трите првопласирани репрезентации продолжуваат во следната фаза. Финалето е предвидено за 19 декември во Хернинг, Данска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...