Украина направи изненадување на Европското првенство во ракомет

Скопје, 11 декември 2010 (МИА) - Репрезентацијата на Украина синоќа направи изненадување во 3.коло во Ц групата на 9.Европско првенство во ракомет за жени што се одржува во Данска и во Норвешка. Украина во рамките на групата Ц во Ларвик ја совлада Германија со убедливи 33:23 и стигна до потребната разлика за пласман во следната фаза.

Во вториот натпревар од групата Шведска ја постигна и третата победа совладувајќи ја Холандија со 25:18. Шведска во групата освои 6 бодови, а Холандија, Украина и Германија по 2. Поради послабата гол разлика во меѓусебните дуели Германија е четврта во групата и за оваа репрезентација заврши Европското првенство.

Во групата Д во Лилехамер се заврши според очекуваното. Норвешка ја „декласира“ Унгарија со 34:13, а во натпреварот за 3.место Франција ја победи Словенија со 29:19. Норвешка е прва во групата со 6 бодови, Унгарија освои 4, Франција 2, а Словенија е последна без бод и го заврши ЕП.

Трите прволасирани од двете групи ја формираат групата 2, која ќе се игра во Лилехамер. Со по 4 бодови во оваа група влегуваат Норвешка и Шведска, по 2 ќе имаат Холандија и Унгарија, а без бод ќе продолжат Франција и Украина. Првото коло во оваа група се игра на 12.декември.

Денеска се играат и мечевите од 3.коло во групите А и Б.

Во А групата во Алборг играат: Романија – Србија (почеток 18:45 часот) и Шпанија – Данска (20:45 часот). Табела: Данска 4 бодови, Романија и Шпанија по 2, Србија 0.

Во Б групата во Архус играат: Русија – Исланд (18:15 часот) и Црна Гора – Хрватска (20:15 часот). Табела: Црна Гора 4 бодови, Хрватска и Русија по 2, Исланд 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...