Три милијарди долари за ТВ-правата на Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс во следните денови би можеле да ги средат сите свои финансиски грижи за следните две децении. Според Лос Анџелес Тајмс, актуелните прваци на НБА се во завршна фаза на преговори со компанијата Тајм Ворнер околу основање сопствен телевизиски канал кој би се емитувал на две фрекфенции, една за англиското, а друга за шпанското говорно подрачје.

За 20-годишен договор Лејкерс на овој начин би добиле неверојатни три милијарди долари, а преносите на овие новоформирани канали би требало да почнат да се емитуваат од сезоната 2012/13. Во моментов натпреварите на шампионот можат да се следат преку телевизијата КЦАЛ9, и тоа бесплатно, но со оглед на тоа што договорот со оваа компанија наскоро истекува, во иднина настапите на Лејкерс ќе можат да се гледаат само во домовите на жителите на Лос Анџелес кои имаат кабелски телевизии.

Според последните податоци, во Ел Еј 5,67 милиони домаќинства имаат телевизиски апарати, а 620 илјади не користат ништо друго освен обична антена. Тие од 2012 година нема да можат да ги следат натпреварите на еден од најатрактивните клубови во светот.

Инаку, освен натпреварите на Коби Брајант и компанија, новоформираните телевизии ќе прават анализи пред и по секој меч, потоа новинарски емисии и продукција посветена на тимот.

Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...