СО ПОБЕДАТА НАД ШАХАР ПЕЕР, ДАНКАТА ЈА ЗАМЕНИ КИМ КЛАЈСТЕРС НА ВРВОТ

Возниацки повторно број 1

Каролине Возниацки осигура дека ќе го врати првото место на ВТА рејтинг листата од Ким Клајстерс откако со 6:2/6:4 ја совлада Израелката Шахар Пеер за пласман во полуфиналето на Дубаи Шампионатот.

20-годишната Данка го загуби првото место во понеделникот, но ќе го врати веќе следната недела, а во Дубаи за место во финалето ќе се бори со Србинката Јелена Јанковиќ, која со 6:3/5:7/7:6(4) ја совлада 4. носителка, Саманта Стосур. Во полуфиналето е и Светлана Кузнецова, која со 7:6/6:3 беше подобра од Полјачката Агниешка Радванска.

"Секако дека е убаво пак да си број 1. И дадов на Ким само една недела, и сега се надевам дека јас ќе го задржам подолго", изјави Возниацки.

ВТА објави дека Возниацки е сигурна на врвот барем четири недели до 20 март. По краткотрајниот престој на врвот, Клајстерс и прати кратка порака на Данката на својот Твитер акаунт: "Честитки. Ха ха ха".

Возниацки стана првата Данка со првото место на ВТА листата откако ја помина повредената Американка Серена Вилијамс во октомври и остана таму 18 недели. Таа сепак се уште нема пласман во гренд слем финалето, а на Австралискиот Опен во јануари загуби од Кинеската Ли На во полуфиналето. Лани сепак Возниацки имаше дури 6 титули, и Пеер вели дека таа го заслужува првото место, посочувајќи дека и Клајстерс исто така беше број 1 пред да стигне до својата прва од четирите гренд слем титули.

"Компјутерот не го исфрли нејзиното име случајно. Таа има толку многу титули и сигурна сум дека ќе освои гренд слем. Се гледа дека работи напорно и дека е тука за подолго време", вели Пеер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...