Новицки во дресот на Баерн Минхен

Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, објави дека ова спортско друштво има големи амбиции не само за фудбалската туку и за кошаркарската секција. Уште одамна името на Дирк Новицки беше поврзувано со баварската гордост, но шансите да го облече дресот на Баерн Минхен сега се поголеми од кога било. При евентуален локаут во НБА лигата за што во последно време наголемо се зборува, актуелниот кошаркар на Далас речиси сигурно ќе се врати во татковината и барем неколку месеци ќе биде член на "баварците".

"Има се почести информации дека НБА не може да постигне договор со играчите и сопствениците на клубовите и ќе има локаут идната сезона. Во таков случај сериозно ќе се заангажираме да го донесеме Новицки, јас лично ќе одам на преговори кај него", изјави Хенес, кој за идната сезона планира и реконструкција на фудбалскиот тим кој, се поверојатно, во актуелната кампања нема да ја одбрани титулата во Бундес-лигата.

Баерн во моментов е член на Втората лига на Германија, но убедливо е првопласиран со 20 победи од 21 натпревар и само чудо може да го спречи да влезе во германската кошаркарска елита. Тренер на екипата е трофејниот Дирк Бауерман, кој во кариерата освои девет шампионски титули во германската лига и своевремено во два мандати беше селектор на националниот тим на оваа земја.

"Со тренер како Бауерман и толку играчи со кои израснав мислам дека во Баерн може да се постигне многу", коментира и Новицки, кој и лани вети дека ќе го засили Баерн, но по истекот на договорот со Далас. Пред да дојде во НБА, тој четири години го носеше дресот на Вурцбург, клуб од истоимениот град каде што е роден, а кој е околу 280 километри оддалечен од Минхен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...