Шампионот на Вимблдон Новак Ѓоковиќ планира да ја прослави својата нова титула - светски тенисер број еден, со венчавка со долгогодишната девојка Јелена Ристиќ, пишува британскиот таблоид „Мирор“.
Весникот наведува дека 24-годишниот тенисер, кого го опишува како голем православен верник, планира традиционална венчавка во црква.
- Тоа би можело дури да биде и добро за мојата игра. Имам чувство дека Федерер стана далеку порелаксиран откако се ожени и стана татко. Можеби ќе го доживеам истото искуство, изјавил српскиот тениски ас.