Федерер со прва титула по 10 месеци!

Рожер Федерер се врати на победничките патеки 10 месеци по последната титула, откако домашниот тениски херој го "растури" Јапонецот Кеи Нишикори со 6:1/6:3 за да ја освои својата петта титула од Свис Индорс во Базел.

Третиот носител загуби само еден поен во доминантниот прв сет за само 28 минути, по што 21-годишниот Нишикори се врати малку подобар во вториот сет, иако немаше шанси против Федерер и неговата гласна публика на турнирот каде што во детството беше момче кое ги собира топчињата.

"Одлично е да се победи дома повторно. Кеи даде добра борба и ќе има голема иднина, бидејќи го познавам од времето кога беше тинејџер", вели Федерер.

30-годишниот Швајцарец сега има 29-1 скор на турнирот во последните шест години во кои имаше шест финалиња по ред. Свис Индорс е единствен турнир кој не е гренд-слем во кој Федерер има повеќе од 40 победи. Федерер оваа сезона има 54-12 скор и го играше првото финале по поразот од Рафаел Надал на Ролан Гарос во јуни. Ова беше 98. АТП финале за Федерер. Нишикори вели дека немал шанси за вистинско изненадување.

"Се обидов да се борам, но Рожер не ми дозволи да влезам во мечот. Но, добро е да си во финалето против тенисер како Рожер!", вели Јапонецот.

Нишикори сега оди на Мастерсот во Париз со вајлд-карта, откако во Базел во полуфиналето успеа да го изненади светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во неговиот прв турнир по повлекувањето од Дејвис Куп мечот против Аргентина во септември. За Ѓоковиќ 2:6/7:6/6:0 поразот беше само трет оваа сезона.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...