Почина Џо Фрејзер

Само еден и пол месец откако лекарите констатираа дека боледува од рак на црниот дроб, утрово во својот дом во Филаделфија почина поранешниот апсолутен светски првак во бокс, Американецот Џо Фрејзер.

Одличната кариера Фрејзер ја најави на Олимписките игри во Токио во 1964 година, освојувајќи златен медал.

Титулата апсолутен шампион на светот во тешка категорија, во професионален бокс, ја освои седум години подоцна кога во њујоршкиот Медисок Сквер Гарден го нокаутира дотогашниот првак Џими Елис.

Хроничарите од тоа време тврдат дека доминацијата на Фрејзер би траела и подолго доколку не боксувал во исто време кога и „најголемиот меѓу најголемите“ Мохамед Али.

Нивната прва борба, одржана на 8 март 1971 година во Медисон Сквер Гарден, е прогласена за борба на векот. По неверојатна размена на удари во текот на 15 рунди, победи Фрејзер на поени и на Али му го нанесе првиот пораз во кариерата.

Фрејзер во својата кариера имал 37 борби, од кои 32 пати победил, еднаш боксувал нерешено и четири пати претрпел пораз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...