Ватерполистите го почнуваат настапот на ЕП

Македонската ватерполо репрезентација денеска во 13 часот во Ајндховен, Холандија со дуелот со селекцијата на Турција ги почнува натпреварите на Европското првенство.

По настапите во Малага, Шпанија (2008) и Загреб, Хрватска (2010), ватерполо репрезентацијата на Македонија трет пат ќе настапува на 30-тиот континентален Европски шампионат.

Со пласман меѓу шестте најдобри репрезентации, Македонија може да се надева на пласман на Олимписките игри во Лондон или настап во квалификациите за олимпијадата.

Покрај Турција, противници на нашите ватерполисти во групата „А“ ќе бидат и селекциите на Грција (во вторник од 13 часот), Унгарија (четврток од 13 ч.), Италија (сабота 14:30) и домаќинот Холандија (понеделник-23 јануари од 19 часот).

Во втората група ќе играат селекциите на: Хрватска, Србија, Црна Гора, Шпанија, Германија и Романија.

Двојките за 1-то коло се: група „А“: Македонија – Турција (13 ч.), Грција – Холандија (19:45) и Унгарија - Италија (21:15). Група „Б“: Хрватска – Романија (14 часот и 30 минути), Германија – Црна Гора (16) и Србија – Шпанија (17:30).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...