Ватерполистите го загубија натпреварот со Грција

 Македонските ватерполисти го загубија мечот со Грција со 10:6 во рамки на Европското првенство кое до 29 јануари ќе се одржи во холандскиот град Ајндховен.

Во текот на целиот натпревар од второто коло, грчката репрезентација беше во предност. Полувремето заврши со 5:1 во нивна корист, а македонскиот тим првиот гол го постигна во втората четвртина.

Грчката екипа забележа пад во играта во текот на третата четвртина кога успеа да постигне само еден гол. Четвртата четвртина беше најдобра за ватерполистите на Македонија, односно за осум минути успеаја да постигнат три гола и да ја намалат разликата пред крајот на дуелот.

Екипата на Грција постигна четири гола од пенал и шест од игра. Најефикасен играч во македонскиот состав беше Саша Мишиќ со постигнати 2 гола од игра.

Утре е слободен ден за македонската селекција. Во четврток во Ајндховен, репрезентацијата на Македонија ќе одигра со олимпискиот шампион Унгарија, по што следуваат Италија и домаќинот Холандија.

Во првото коло вчера, репрезентацијата на Македонија ја победи селекцијата на Турција со 16:4. Македонскиот тим доминираше во текот на целиот натпревар и ја имаше убедливата предност.

Во останатите два натпревари од оваа група ќе играат Холандија – Унгарија и Италија – Турција.

Во „Б“ групата двојките за денеска се: Србија - Германија, Шпанија - Романија и Црна Гора - Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...