"Војна" со Хамбург за второто место

На македонскиот првак му е потребен бод на домашен терен на неделниот натпревар за да се пласира на второто место во групната фаза и така да се надева на полесен противник во Топ 16. Проблем: тој бод треба да се освои на дуел со шампионот на Германија, ХСВ Хамбург.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА "Ц"

26.02.2012

МЕТАЛУРГ - ХАМБУРГ 18:30

Сала:"Борис Трајковски" во Скопје, Македонија.

Судии: Петер Херцег и Петер Суди од Унгарија

Делегат: Антон Шлих од Австрија

ТАБЕЛА

1. ХАМБУРГ 9 8 1 0 285:222 17

2. МЕТАЛУРГ 9 5 2 2 231:206 12

3. Ц. КОПЕР 9 4 3 2 239:224 11

4. ВИСЛА ПЛОК 9 3 1 5 241:245 7

5. СТ. ПЕТЕРБУРГ 9 2 1 6 217:269 5

6. КОНСТАНЦА 9 1 0 8 211:258 2

В недела Металург ќе ја добие својата најголема награда за настапите низ Лигата на шампионите и сетоа тоа што го работи како клуб минативе години.

Наградата ќе ја добијат од својата публика, преполна ќе биде арената, а тоа е тоа за што се бори секој клуб - публика. Билети за "Борис Трајковски" нема уште од пред десет дена, но не престануваат да ѕвонат телефоните и не запираат обидите да се најде некој "заборавен" билет и така да се стане дел од настанот број 1 викендов.

"Ова е нашата најголема победа. Успеавме клубот кој доаѓа од мала населба во Скопје да до донесеме на ниво со најсилните во Европа. Тоа што е распродадена целата сала, што заинтересираноста за Металург во јавноста е таква каква што е, конечно и резултатите кои ги оствари клубот, тоа е нашата победа", изјави тренерот на Металург, Лино Червар на вчерашната прес-конференција.

Од клубот предупредуваат, односно најавуваат дека вратите ќе бидат затворени на петнаесетина минути пред почетокот на натпреварот за да се избегат евентални мешаница на стартот и ги молат навивачите да го почитуваат редот и да си седат на местата кои им се обележани, затоа што не се очекува да има празно столче, во секој случај.

В недела доаѓа ХСВ Хамбург, шампионот на Германија на меч кој за Металург значи битка за второ место во фазата по групи. Би било убаво Констанца да освои само бод, па дуелот со Хамбург да биде само за публика, но малку е веројатно дека Словенците ќе пропуштат шанса за момент да избијат на второто место.

На Металург му недостига бод за да ги расчисти сите дилеми. Но, да се "земе" бод од Хамбург не е нималку едноставна работа.

"Хамбург ни ја одзема шансата да бидеме втори. Не беа коректни, одиграа како што знаеме на мечот со Копер со дебитанти во составот и им дозволија на домашен терен на Словенците да стигнат до бод. По тоа, имале состаноци и сега доаѓаат со најсилен состав во Скопје, за да се правдаат за ремито на домашен терен. Велам ни ја одзема шансата да бидеме втори затоа што ниту Копер ниту Висла не се совлада на четирите одиграни средби. Ние имаме 3 победи и реми од тие дуели, но ете и тоа не е доволно во моментов, па ќе мораме преку Хамбург да го бркаме второто место", вели Червар.

"Кој е Хамбург е непотребно да говорам. Тоа е селекција на свет, најдобри играчи од најдобри репрезентации селектирани во еден клуб. Ние одново сме во во улога на Давид во секогаш актуелната приказна со Голијат. Хамбург е посилен, тие се апсолутни фаворити, но ние сакаме да бидеме тој Давид, кој го урнал Голијат. Можеби ќе загубиме, тоа не е нерално, можеби ќе загубиме убедливо, не смее тоа да се сфати како трагедија, но јас верувам во моите играчи, верувам дека ќе одиграат на ниво, жестоко како што играа до сега и дека ќе успееме да го срушиме Хамбург", вели Червар.

Што се однесува до Хамбург, тие си ја завршија својата работа во групната фаза уште одамна, но ремито со Копер треба да ја врати сериозноста назад во тимот. На нивниот веб сајт може да се прочита нивната единствена загриженост околу дуелот во Скопје. Седум илјадната публика и амбиентот кој ги чека во Скопје. Впрочем, Мартин Швалб, нивниот менаџер беше еден од најгласните во пофалбите упатени кон македонските фанови за време на Европското првенство во Србија.

Промовирана клупската химна

Гости на Металург на прес-конференцијата беа пејачите кои ја составија новата клупска химна, која има реални шанси да успее како клупска химна од причина што е вистинска певлива навивачка песна.

Кристина Арнаудова е творец на овој проект, а поддршка во реализацијата доби од Сузана Спасовска, Александара Пилева, Ѓоко Танески и Александар Белов. Новиот навивачки дрес и шал веќе се наоѓаат во продажба.

"Си ветив дека доколку клубот успее да пројде во Топ 16 дека ќе им составам песна, но не зборував јавно за тоа. Јас сум поврзана со клубот, а и без тоа сум голем навивач. Така, веќе во моментот кога Металург победи со Санкт Петеребург објавив дека ќе го реализирам моето ветување", изјави Арнаудова.

Кубот (конечно) се да настапи похрабро во промоцијата на сопствениот бренд како продолжение на напредокот кој го бележи. Досега сме биле сведоци (иако не на многу) резултатски успеси на македонски спортски колективи и на многу пропуштени шанси моментната популарност да биде искористена. Славата често знае да си замине како никогаш и да ја немало, а моментот кој би можел да го промени сето тоа бил пропуштен затоа што главно тие кои требало да донесат поинакви одлуки не биле на нивото на кое требало да бидат.

ВАНЧО ДИМОВСКИ

Хамбург ќе игра со цел потенцијал

"По ремито кое го одиграа со Копер, паѓаат во вода сите теории дека Хамбург ќе дојде во Скопје колку да одигра. Очекуваме да бидат и комплетни и во најсилен состав и мотивирани.

Друга работа, тоа се познати играчи кои сигурно нема да им биде мило да бидат надиграни пред полна сала. Како што нас ќе нe носи атмосферата, така и нив ќе ги тера да дадат максимум да се претстават во добро светло", вели Ванчо Димовски.

"Ние заслуживме да бидеме втори во оваа група. Прикажавме и одигравме доволно добро и сме подобар колектив и од Висла и од Копер. Очекуваме тоа да биде и на табелата така", вели Димовски.

МЕТАЛУРГ (УСЛОВНО) КОМПЛЕТЕН

Ќе играме и со една нога

На дуелот со Борац Бања Лука одигран во средата во "Автокоманда" во составот на Металург го немаше Жарко Марковиќ. Тој пријави проблем со половината и Лино Червар го остави да одмора.

Но, за дуелот со Хамбург, поштедата е избришана од речникот.

"Ние од почетокот на сезоната имаме проблеми со повреди и секогаш успевавме да направиме тим и игра со тоа што го имавме и да ја постигнеме нашата цел. Марковиќ ќе игра, тоа е сигурно. Ќе играат сите, без оглед кој каков проблем има... ќе играме 'макар со една нога' ако треба, ама на овој натпревар мораме да сите до еден да го дадеме нашиот максумум", изјави Червар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...