МЕТАЛУРГ СИНОЌА ОДЛУЧИВАШЕ ЗА ДУЕЛОТ СО ЗАГРЕБ

Од утре билети за Топ 16

Билетите за првиот натпревар од Топ 16 фазата на Лигата на шампионите, меѓу екипите на Металург и Загреб, кој на 18 март ќе се одигра во скопската арена "Борис Трајковски" во продажба ќе бидат пуштени утре, од пладне. Системот на продажба на билетите нема да се менува, тие ќе одат во продажните места на Тобако.

Се менува во секој случај нивната цена. Синоќа беше закажан последниот состанок на кој требаше да биде дефинирана, а фаворит да победи беше предлогот билетите да имаат 4 цени. Почнувајќи од 100, 200, 300 и 400 денари. За споредба цените на билетите за дуелот со Хамбург беа од 60 до 200 денари.

Цените се зголемени, но од клубот велат дека внимавале на тоа разликата да не биде голема, па така најголемиот дел или повеќе од 70% ќе бидат билети кои ќе чинат 100 и 200 денари, посакапите билети се за М трибините кои спроти и позади записничката маса.

Со оглед на искуството кое го имаа од натпреварот со Хамбург, каде што комплетната сала беше распродадена на 15 дена пред натпреварот, сега се очекува слична "навалица", па препораката од клубот е заинтересираните навреме да си набават билет кој одговара на нивните можности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...