Загреб треба да биде „магнет“ за гледачите

Ракометарите на Вардар Про кои се лидери на табелата во СЕХА лигата в четврток во 18 часот, во СРЦ „Кале“ во Скопје го пречекуваат хрватскиот првак и осминафиналист од Лигата на шампионите, тимот на Загреб. Очекуваат полни трибини и поголем број љубители на ракометот на овој натпревар. Како и на сите дуели досега влезот е бесплатен.

Во пресрет на натпреварот со Загреб тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ очекува ракометен спектакл и победа на неговиот.

- Посакувам Загреб да се појави во најсилен состав, комплетен и да одиграме вистински натпревар. Тоа е екипа која ја победи Барселона (европски шампион), но и ние се надеваме на победа и со тоа да го потврдиме пласманот на завршниот турнир во СЕХА лигата кој ќе се одржи во Загреб, рече Вујовиќ.

Гледачите кои ќе дојдат да го проследат овој натпревар во „СРЦ Кале“ за првпат во живо ќе можат да го видат новото засилување на Вардар Про на голманската позиција Страхиња Милиќ, кој го замени македонскиот репрезентативец Борко Ристовски, кој замина во германски Гумерсбах.

Дебитански настап за „црвено-црните“ на Игор Карачиќ поради повреда се уште е неизвесен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...