Убедлива победа на Металург

Ракометарите на Металург ја постигнаа дванаесетата победа во СЕХА лигата откако во салата „Автокоманда“ во Скопје ја совладаа Босна од Сараево со 36:11, полувреме 16:5.

На овој натпревар Металург настапи со изменат состав, а дел од играчите од првиот состав одмараа и ова беше можност да се залечат повредите, а и „резервистите“ ја искористија својата шанса.

Со новите три бодови Металург изби на третото место на табелата со 39 бодови од 16 натпревари.

Првопласиран е Вардар Про со 44 бодови (18 натпревари), втор е Загреб со 41 (16 натпревари), а Татран Прешов е четврти со 37 (17 натпревари). Овие четири екипи најверојатно ќе играат на завршниот турнир што ќе се одржи во Загреб.

Најефикасни кај Металург со по 6 голови беа Гоце Георгиевски и Жарко Марковиќ.

Денес во 16 часот Металург и Босна ќе одиграат уште еден натпревар, во Скопје, а тимот од Сараево ќе ја има улогата на домаќин. Поради смртта на спортскиот директор на Загреб Бартол Калеб, одложен е натпреварот Вардар Про - Загреб што требаше да се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...