Растоварени сме, нема што да загубиме

Металург одново се подготвува за враќање на насловните страници со реванш натпреварот од Топ 16 на Лигата на шампионите.

Македонскиот првак на првиот меч, во Скопје минатата недела успеа да го совлада Загреб, минимално, и така иако практично без предност, но со позитивна "нула" оди во Арена.

Во Загреб без никаков притисок - Александар Петровски

Најавите се дека салата ќе биде полна (15.000 е капацитетот), дека ќе има 1500 Македонци и слично. Нема официјална информација од Загреб колку билети се продадени, ниту од Металург знаат во овој момент колку нивни навивачи ќе тргнат кон хрватската престолнина. Тоа што се знае е дека во недостиг на официјални информации (за разлика за скопскиот меч) ваквите бројки знаат и да се "напумпаат" од страна на организаторот за да изгледа најавата попомпезно. Ќе почекаме до сабота да видиме како сето тоа ќе изгледа.

Тоа што е важен фактор во моментов е расположението и билтенот во таборот на Металург. Деновиве има состаноци, разговори, анализирање, подготвување тактики и слично. Како што и треба пред голем, за Металург во случајот, најголемиот меч кој го играл досега.

"Единствен поголем здравствен проблем е ситуацијата со Миладин Козлина. Тој изрази желба и подготвеност да игра без разлика на се. Но, докторите и тренерот ќе го имаат последниот збор. Засега стои дека сметаме на него", вели асистент тренерот на тимот Александар Петровски. "Добро сме, пројде скопската еуфорија, сега се подготвуваме за наредниот меч. Имаме само гол предност, но без оглед, свесни бевме дека гаранција немаше да имаме ни со нешто поголема разлика. Гледаме да ги издвоиме позитивните страни. Ние сме сега комплетно растоварени, нема што да загубиме што и да се случи. Загреб има и тоа многу што да загуби и притисокот сега е целосно на нивни грб", вели Петровски.

"Анализираме што се играше во Скопје, гледаме да ги изолираме грешките и да работиме на нивно отстранување. Генерално сме задоволни, победивме голема екипа. Победивме тим кој досега не сме успеале да го совладаме и ја прекинавме нивната доминација во меѓусебните дуели. Сатисфакција ни е и тоа голема што гледачите кои дојдоа во салата заминаа дома задоволни. Барем 6950 од нив. Тие педесетина кои дојдоа за да бараат маани, кои дојдоа да видат и да се ситат на пораз од не знам колку гола на Металург си заминаа несреќни. И тоа ни е сатисфакција исто така", вели Петровски.

Средбата во загрепската "Арена" ќе се игра в сабота, со почеток во 20:15 минути, судии се Оскар Лопез и Анхел Сабросо. ТВ пренос ќе има на Сител ХРТ2, во живо на интернет ќе може да се гледа на ЕХФТВ, како на Спортс ТВ (Турција) и Спорт ТВ (Исланд).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...